Повеќенаменски објект на аголот од ул. „Македонија“ и „Луј Пастер“

Локација: Скопје

Автори: Илија Стојчевски, Моника Стојчевска

Инвеститор: Алумина

Година на проектирање: 1991

Извор: Бимас ’93

Почнувајќи ја создадената урбана матрица на оваа градска улица се обидуваме мислата од минатото да ја надградиме и развиеме за потребите денешни и идни, а притоа да ги вградиме сеќавањата на тој простор.

Интерполацијата меѓу кината ја решаваме со административен објект П+5 ката, кој на последните луксузни апартмани за живеење и ателјеа за уметност и дизајн. На аголната локација јужно од кино „Култура“ предлагаме објект П+4 ката со кој приземјето и катот се за ресторан Mc’donald’s,  а другите катови се деловен простор. По должината на улицата М.Тито предвидуваме трговско-деловен објект со висина П+4 ката кој на логичните места е олеснет со високи пасажи и овозможува физичка и визуелна врска со партерниот простор пред Домот на Армијата.

Под овој простор предвидуваме подземен паркинг за 300 возила, а на аголот на улиците Македонија и Вељко Влаховиќ саат кула со партерни угостителски содржини. Овие објекти ќе создадат архитектонски пристап кој е одраз на нашето време и реминисценција на минатото.

 

Ф.К