Почнува со изградба новиот стадион во Битола
15.12.2016 • XXI век Информации
Локација: Тумбе кафе, Битола
Автор: Мегарон
Инвеститор: Општина Битола
Иведувач: ГП Гранит
Извор: Општина Битола, Македонски медиуми
Новиот стадион во Битола е планиран со капацитет од 12 000 гледачи преку интервенција-изградба на северната, источната и западната трибина. Старата јужна трибина која е со капацитет од 4764 гледачи е во план да биде реновирана и прилагодена на новиот концепт. Стремежот на општата форма е да обликува арена, иако за тоа по значење на самиот термин – целосно затворање на хоризонтот со трибински простор не се случува во целост.
Северната трибина го користи подтрибинскиот простор во неколку нивоа, а нејзината организација на просторот е според стандардите на УЕФА . Столчињата ќе бидат организирани во 19-21 ред со капацитет од 4618 места, 146 места за посебни гости, 2 кабини за коментатори со 8 места и 12 кабини за новинари.
Планот на реализација им дава предност на изградба на северната трибина и реконструкција на јужната, по што ќе следи и комплетирање на источната и западната трибина ( двете со капацитет по 1234 гледачи).
@ Tv Tera
Изведувач на проектот е ГП Гранит додека договорот за првата фаза е проектиран на 5 милиони евра.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Битола / Стадион / Тумбе Кафе