Предавање: Рефлексија на работното искуство на Ивана Ангелова со Al Borde Arquitectos од Кито, Еквадор

Утре, Среда, 5ти Април во амфитеатарот на архитектонски факултет ќе одржи кратка презентација архитект Ивана Ангелова. Таа ке го пренесе своето работно искуство со Al Borde Arquitectos од Кито, Еквадор со кои има работено во втората половина на изминатата година.

Al borde не претставуваат само oбично архитектонско студио туку и специфичен животен стил. Al borde е проект оформен во 2007 година со иницијатива да се практикува архитектура која ги користи недостатоците во системот за општото добро. Тие се еластични по природа и не се склони кон догмите. Нивните проекти секогаш се трудат да го подобрат локалниот развој и имаат висока компонента на социјална иновативност.
Користат минимални ресурси за изведба на едно дело, не како изговор за недостиг, туку како естетски и политички рекурс. Развиваат еден вид на интимна дискусија со местото а во нивната работна етика лежи дизајн кој се темели и потекнува од интелегенцијата на заедницата.
Al Borde ја редефинираат самата улога на архитектурата, во потрага по тоа како да се задоволат човековите потреби без посредништвото на економијата во својата денешна форма.
Ивана Ангелова дипломираше на Университетот Св. Кирил и Методиј, при Архитектонскиот факултет во Скопје во 2013 година а во 2017 година го одбрани својот магистерска труд со наслов: „Новите економии во транзициското општество и нивното влијание врз физичкото опкружување“- истражување на врската помеѓу малите бизниси и урбаниот развој.
Ф.К