ПРЕОБРАЗБА, дигитален фотоколаж / М.Шириќ, А.Петровски, И.Илиевски
21.02.2015 • Став
Наслов на дело: ПРЕОБРАЗБА, дигитален фотоколаж, 70х100 см., 100х70см. 70х100см., 2014
Автори студенти: Миа Шириќ, Александар Петровски, Илчо Илиевски
Проект: Триптих од дигитални фотоколажи на зададена тема
Опис:
Ова дело претставува триптих, составен од дигитални фотоколажи и е одговор на темата „Мојот град“, за учество на републичката манифестација VII младински пролетен салон, организирана од Национална галерија на Македонија. Проектот е работен под менторство на проф. Елизабета Аврамовска.
Има за цел да ја прикаже состојбата на нашиот град Скопје. Поточно, секој колаж е составен од по две фотографии:
– Едниот колаж е составен од графит на Бенкси, каде што е прикажана куќна чистачка, која што го фрла ѓубрето под фасадата на ѕидот на кој што е нацртана. Другата колажирана фотографија е објетот ГТЦ, вметнат во буквите на зборот FIN.
– Другите два колажи се фотографии на објектот EVN, исечени на тенки хоризонтални ленти. Едниот е колажиран со новосоздадениот соседен бојект Порта Македонија,
а другиот со скопски уличен графит SK MASSACRE 2014 (графички обработен лик од хорор – филмот Тексашки масакр со моторна пила).
За создавање на овој триптих се водевме од неколку клучни зборови кои што ја опишуваат сегашната состојба на градот. Сите овие зборови се преточени во наша визуелизација на состојбата:
– Антиквизација
– Барокизација
– Масакр
– Преобразба
– Крај
– Сквернавење
– Самоуништување
– EVN
– ГТЦ
– Графити
– Јавен простор
– Став
Автор на статија: marh