Просторот во делата на Родољуб Анастасов

Кој е Родољуб?

 

Родољуб Анастасов е македонски сликар од светски ранг, роден во Скопје, 1935 година. Toj e еден од најважните уметници во современата македонска уметност, човек кој сеуште им пркоси на годините со очи полни живот и љубов за истиот. Полн спомени од животот,  но и жеден за нови.

 

11390144_1624308924480496_3290125990862770600_n

Сеќавање на првиот автомобил -2015

 

Сликар, професор, пред се човек, кој е вброен во 500те најголеми генијалци во светот за XXI век од страната на Американскиот Биографски Институт.

 

20140514_145501-768x1024

 

На уметноста гледа како на  духовно  воздигнување и бескрајното трагање по одговорот на темите кои го засегаат – времето, просторот, човекот…. и „нештото“ помеѓу.

 

253_1987_ЧОВЕК И ПРОСТОР LXXX_Man and Space LXXX

1987_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LXXX

 

Создава циклуси во кои се гледа потрага по одговор, потрага по изгубениот простор, потрага по место, но за кого? Огромни простори и виулици од луѓе помеѓу, димензии кои посегнуваат по големината и надвор од платната на кои се насликани, или по суштинската димензија на предметите.

 

251_1985_ЧОВЕК И ПРОСТОР LXX_Man and Space LXX

1985_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LXX

 

Го доживувам како трага по простор во кој душата ќе има спокој, кој ќе биде доволен за сите. Но ниту на една слика не се чини дека тоа е просторот по кој трага, туку уште еден простор низ кој минува тој, минуваат неговите современици, предците, сите ние, простор во кој можеби ќе минат и оние кои доаѓаат. Замрзнати спомени – мигови со драма и бои на флеш од сон.

 

228_1978_ЧОВЕК И ПРОСТОР I_Man and Space I

1978_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-I

 

Голем македонец во душата, со големо срце во кое преживеа  уметноста и на Голи Оток, за која плати данок за гордоста на маршалот. Човек кој не заборава од каде е, а размислува за сите – глобално, низ ширините на мислата и заедничкото суштествување. Поголем архитект од многумина кои ја носат титулата,  духовно моќен и решителен да оди до крај.

 

245_1983-84_ЧОВЕК И ПРОСТОР LIII_Man and Space LIII

1983-84_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LIII

 

Во многу од делата на Родољуб може да се насети архитектура, современа, отворена, пространа, неограничувачка. Тие дела чекорат рамо до рамо со златната доба на македонската архитектура 70-80тите години на ХХ век и згаснувањето во 90тите.

Во некои се насетуваат импресиите од препознатливи локации, но повеќето се филозофски интерпретирани и креирани, „нереални“,  но со намерно поместени граници на материјалната – функционална димензија.

 

271_1993_ЧОВЕК И ПРОСТОР 26-A_Man and Space 26-A1993_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-26-A

 

Родољуб создава архитектура на бескрајот во своите дела, каде времето не може да биде заробено ниту човекот во него. Архитектура на „нештото“ помеѓу големите простори, исполнетоста со истото  и енергијата на брзиот чекор.

 

282-283

 

Паметник на моментумот кој не може реално да се зароби, поради енергијата која се трансформира. Атомите во движењето, импулсот, циркулацијата….. животот низ сликите заглавени во меморијата.

 

251_1986_ЧОВЕК И ПРОСТОР LXXXIV_Man and Space LXXXIV

1986_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LXXXIV

 

Носи порака во себе, која можете и во намерно временски неподредените по редослед, дела, да ја почуствувате во 70тите, 90тите, потоа повторно назад во 80тите. Секогаш е иста, движење низ просторот – низ животот – низ архитектурата на времето, човекот и просторот.

 

278_1995_ЧОВЕК И ПРОСТОР CXXIII_Man and Space CXXIII

1995_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CXXIII

243_1982_ЧОВЕК И ПРОСТОР XXXVIII_Man and Space XXXVIII

1982_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XXXVIII

242_1982_ЧОВЕК И ПРОСТОР XLV_Man and Space XLV

1982_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XLV

 

Потрага по слобода – отворени павиљони, урбани пејзажи, плоштади создадени од животните искуства и простори на душата.  Преминувања од едно кон друго, кон бескрајот кој не е уловен на платната, туку се насетува негде надвор од нив.

 

239_1981_ЧОВЕК И ПРОСТОР XXV_Man and Space XXV

1981_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XXV

286_1997_ЧОВЕК И ПРОСТОР CXXVI_Man and Space CXXVI

1997_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CXXVI

276_1994_ЧОВЕК И ПРОСТОР 36-A_Man and Space 36-A

1994_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-36-A

267_1993_ЧОВЕК И ПРОСТОР CXIV_Man and Space CXIV

1993_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CXIV

276_1994_ЧОВЕК И ПРОСТОР 30-A_Man and Space 30-A

1994_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-30-A

226_1978_ЧОВЕК И ВРЕМЕ V_Man and Time V

1978_ЧОВЕК-И-ВРЕМЕ-V

298_2005_ЧОВЕК И ПРОСТОР CLXI_Man and Space CLXI

2005_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CLXI

271_1993_ЧОВЕК И ПРОСТОР 23-A_Man and Space 23-A

1993_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-23-A

281_1995_ЧОВЕК И ПРОСТОР 56-A_Man and Space 56-A

1995_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-56-A

281_1995_ЧОВЕК И ПРОСТОР 55-A_Man and Space 55-A

1995_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-55-A

 

За Родољуб може да говориме бескрајно, но сепак ќе оставиме простор и за ваше лично запознавање и доживување. За него можете да истражете и   прочитате повеќе на неговата нет страна www.rodoljubanastasov.com , или да го следите на неговата фан страна на facebook.

 

Osten - za Rodoljub

 

Денес, 21 Јули 2016 година, светската галерија „Остен“ не кани на изложба во негова чест, додека во Музејот на Град Скопје постои галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ каде константно се изложени неговите дела. Тука често можете да го затекнете и самиот автор.

 

259_1989_ЧОВЕК И ПРОСТОР XII-A_Man and Space XII-A

1989_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XII-A

 

Родољуб е сликар кој треба да го запознаат особено младите генерации. Има многу што да се научи од него и неговиот опус – слобода, пространост, светлина, сенка, пропорција на доживување, емотивна перспектива…

Најмногу од се, може да се научи како да му се пркоси на времето и просторот, минувајќи низ сите животни препреки , притоа знаејќи дека минуваат и се ограничени во времето, додека поривот, желбата за живот и потрагата по вечноста се бескрајни. Родољуб пркоси со животорадосна енергија и со своите 80 години, не разбирајќи ја староста на телото која го попречува духот во изразувањето на младоста која е сеуште во него.

 

287_1998_ЧОВЕК И ПРОСТОР CXXXIII_Man and Space CXXXIII

1993_ЧОВЕК И ПРОСТОР CX_

295_2003_ЧОВЕК И ПРОСТОР CXLVII_Man and Space CXLVII

ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CXLVII

234_1980_ЧОВЕК И ПРОСТОР XXIII_Man and Space XXIII

1980_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XXIII

248_1985_ЧОВЕК И ПРОСТОР LXIX_Man and Space LXIX

1985_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LXIX

266_1993_ЧОВЕК И ПРОСТОР CX_Man and Space CX

1993_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-CX

247_1985_ЧОВЕК И ПРОСТОР LX_Man and Space LX

1985_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-LX

234_1980_ЧОВЕК И ПРОСТОР XXI_Man and Space XXI

1980_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XXI

241_1982_ЧОВЕК И ПРОСТОР XLVI_Man and Space XLVI

1982_ЧОВЕК-И-ПРОСТОР-XLVI

 

Родољуб е човекот за кој допрва ќе ја откриваме неговата големина и значај за сите нам,  а денес е совршен ден  да почнете со истото преку оваа објава и посета на изложбата во галеријата Остен.

Извор: www.rodoljubanastasov.com , Монографијата „Родољуб Анастасов“ од издавачката куќа Табернакул

 

 

Објавата е направена со дозвола и материјали на авторот. За превземање на делови од истата важат општите правила на МАРХ