Новогодишна честитки инспирирани од македонската архитектура / Стојковска

Во духот на новогодишните празници ви ja пренесуваме новата колекција на честитки на архитектката Тијана Стојковска. Честитките претставуваат илустрации кои се инспирирани од македонската архитектура каде објектите се поставени во зимски амбиент.

Ова е продолжување на низата на илустрации која Стојковска ги изработува повеќе години наназад, секогаш одново откривајќи ги вредностите на домашното градителско наследство со поставување на објектите во фантастични пејсажи. За повеќе информации погледнете ја неодамнешната изложба на Стојковска во галеријата „Пионери“, како и серијата на колажи за која имаме пишувано тука.

Авторката во дадени аспекти ја реинтерпретира архитектурата со цел да даде нова перспектира на разгледуваниот објект. Честитките се достапни за нарачка преку директна порака до авторката на инстаграм – @ti.ja.ana

Уживајте во галеријата и дадете поддршка на домашната архитектонска сцена со подарување на комплет честитки на вашите најблиски. 🙂