Свеченост на доделување награди и затворање на БИМАС 2016

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Музејот на град Скопје, ќе започне свеченоста на доделување награди и затворање на БИМАС 2016.

Издание на Бимас, во кое беше видлив чекорот напред,  во поглед на програмата и организацијата. Издание кое ја пополни празнината на сцената, со програма која се реализира во целост, со исклучок на  гостувањето на архитект Антонио Петров.

Особено изненадување за сите, беше проектот „Рециклиран град“ кој покажа еден поинаков начин на критичко размислување и покажување на потенцијалот за рециклирањето или пак локалните феномени на обратни процеси. За настанот се говореше неколку дена во фелата и воедно, објавата за овој настан го сруши рекордот на посети во еден ден на нашиот портал, благодарение на вредноста на истиот, како и опсежното и детално покривање на истиот од страна на МАРХ, преку фотогалерија. Особено ќе го паметиме овој настан, на кој ни беше укажана можноста да учествуваме со изложба во доменот на критичката анализа, насловена како „Скопје-невидлив урбанизам“ .

За разлика од другите години, забележлива е намалената продукција на квалитетна архитектура и пред се бројноста на пријавени учесници на  главната изложба, но тоа е реалната слика на сцената и загрозеноста на професијата, предизвикана од последните текови и однос од страна на власта. Сепак тоа не му фрла сенка на настанот, кој понуди широка програма.

Имавме можност да прoследиме:

raspored na slucuvanja na Bimas 2016

За овој настан, најпрво им честитаме на ААМ, Организациониот одбор на Бимас 2016, Селекторот и сите вклучени во истиот.  Посакуваме овој настан да остане стожер и вистински паметник, архивар на тековите во македонската архитектура

Ф.К

 

Автор на статија: