Семејна куќа / ДСЦ ДИЗАЈН – Скопје 2014

Локација:                 Жданец, Скопје

Површина:              280 м2

Автор:                        Маја Тасевска

Соработник:           Светлана Цветковиќ-Ангеловска

3Д приказ:               Христијан Ивановски

Контакт:                   www.dscdesign.com.mk

Година:                      2014

 

Текстуалното образложение е објавено во оргиналната форма доставена од авторот:

Лоцирана во подножјето на Водно, во мирен дел од населбата Жданец каде што во урбаната силуета доминираат објекти за живеење решени како двокуќи.

Copy of 15(1)

Терен во благ пад, одлична можност за решавање на простор за живеење на повеќе нивои – подрум со гаража, приземје, кат и кровна тераса.petta fasada

Корисникот-модерно, современо семејство кое точно знае што сака. Хм-лесна задача на прв поглед. Функцијата ја решивме “од прва“ и без поголеми дилеми.

основи

Гаража-една или две, да ги скриеме автомобилите да им оставиме простор на децата да играат надвор; компромис – една во гаража, една во двор. И ни остана доволно голем подрум. Не, не е неважен подрумот-баш напротив. Раскрсница на сите комуникации, скали за горните нивои, топла врска со нив.

фасади

Како ќе се грееме? Прво-штедиме енергија секако! Ќе ги запазиме сите можни норми и правила за енергетски ефикасна куќа, го користиме сонцето, максимална термичка изолација со висок коефициент, штетни гасови-никако. Котлара, остава една, и уште една. Ја знаеме и големата љубов на сопствениците за добро вино која преминува во колекционерство. Ја користиме задната “ложа“ од подземното ниво за да сместиме винарија со дел за чување на вино на соодветна температура и дел за дегустација со пријателите.

presek 2

Кога веќе немаше дилема за местополжбата на скалите, распоредот на главните простории за живеење сам се наметна. Влезот на предна фасада директно комуницира со улицата, голема кујна, трпезарија и на крај дневната соба денивелирана во однос на останатиот дел за да ја донесеме што поблиску до задниот двор. Полунивото над гаражата е идеално за работна соба и полуотворен модерно дизајниран тоалет.

presek 1

Катот е исто така решен со полунивои за да се одвојат детските од родителската спална соба. Во тој меѓупростор се формира и полуотворен мултинаменски простор за хоби или фитнес активности.

Copy of 1

Кровната тераса ќе биде можеби најатрактивниот отворен простор во куќата, со прекрасен поглед на Водно на јужната и на градот на северната страна.Оставена е да се дооформи како втора фаза по завршување со градбата, со можност за зимска стаклена градина.

Copy of 16

“Space is the breath of art…” Frank Lloyd Wright

Надворешниот изглед го градевме паралелно. Почетни параметри и услови имавме -чиста,едноставна линија, трајни материјали, што повеќе светло внатре и погледи надвор.

Copy of DSC_3906 PS

Идентитетот го добивме со “чипката“, сосема спонтано, познавајќи го сензибилетот на сопствениците. Ја “видовме“ одеднаш и знаевме дека имаме авантура.

Естетска авантура кога се посматра од надвор, ловец на погледи, коментари, причини, последици.

Функционална авантура кога се посматра од кај соседот- бетонска завеса, гледаш, а не гледаш, штити, оплеменува.

Авантура на сенки кога си внатре или на кровната тераса – секојдневна игра на сончева светлина.

Copy of DSC_3907 PS

Copy of DSC_3904 PS

 

 

Автор на статија: