Семинар за SymbioCity пристапот во планирањето / 6 Април Public Room

Утре, среда, со почеток од 9 – 13 часот, се организира семинар посветен на SymbioCity пристапот во проектирањето и планирањето. Истиот е организиран од страна на Шведската амбасада во Скопје, во просториите на Public Room. Предвидени се обраќања на амбасадорот, деканот на Архитектонскиот Факултет проф. Минас Бакалчев, проф. Огнен Марина како модератор на настанот, општински претставници, како и презентација на магистерски трудови поврзани со темата.

Настанот е од отворен карактер и може да присуствува секој заинтересиран.

Што е SymbioCity пристапот во проектирањето и планирањето?

SymbioCity пристапот ги набљудува различните градски функции и системи низ нивната взаемна поврзаност и и ги вклучува сите важни учесници во процесот со цел да постигне синергија. Симбиозата означува синергија, односно взаемно корисна интеракција. Основниот принцип на функционирањето на овој систем е да се земат предвид сите аспекти и функции на градот кога се размислува за секој аспект посебно.

Намерата на SymbioCity пристапот се унапредување на интеграцијата на градовите, одржливост и флексибилност на градовите и квалитетот на животот на сите сегашни и идни граѓани. Целите на пристапот се да:

– развива мултидисциплинарна и меѓу-секторска соработка помеѓу учесниците во процесот,

– ги развива капацитетите низ споделување на знаење и искуства помеѓу учесниците во процесот,

– ја олеснува соработката помеѓу локалните, регионалните и националните учесници во процесот,

– ја овозможи евалуацијата на одржливоста и процесот на планирање на различни нивоа и размери,

– придонесе за развој на стратегии за подобрување на градските зони и различните аспекти на одржливост на краток, среден и долг рок,

– им помогне на градовите во идентификација на практичните и интегрираните системски решенија и синергии кои го промовираат одржливиот урбан развој,

– ги подобрат постоечките урбаните политики на урбан развој, плановите, процесите и практиките.

SymbioCity пристапот е интегриран и сеопфатен пристап кон одржливиот урбан развој базиран на големото искуство од Шведска и земјите во развој. Тој е детално е објаснет во прирачникот „The SymbioCity Approach: A Conceptual Framework for Sustainable Urban Development“ кој можете да го најдете на следната веб страница: www.sklinternational.se/publication

Ф.К

Автор на статија: