Скопје на патот кон титулата – Европска престолнина на културата

Минатата недела (28-29 септември 2017 год.) се оддржа третата работилница во служба на скопската канндидатура за европска престолнина на културата, под иницијатива на Град Скопје, а во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“ и Музеј на Град Скопје.

На оваа работилница меѓу градските институции поврзани со културните дејности на Скопје, беа поканети и невладини организации, претставници на скопските општини, независни активисти во областа и на наше задоволство, бевме поканети и ние како страна која се бави со промоција на македонската архитектонска сцена.

КРАТКА ИСТОРИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА 2027 (2015-2017):

Иницијативата за проектот  Скопје како можен кандидат за Европска престолнина на културата, ја иницираше Град Скопје во 2014 година. Овој промотивен проект има за цел да го стимулира и поддржи културниот развој на градот Скопје, да ги интегрира и поврзе претставниците на сите институции на културата и образованието , заедно да се подготват  за изработка на темелна, оригинална и конкурентна програма за претстојните термини за аплицирање за оваа титула и одговорност.

2015 – Меѓународна стручна работилница „Значењето на титулата „Европска престолнина на културата‘‘ и нејзиниот придонес за културниот и општиот развој на градот‘‘ со претставници на ЕПК Пловдив 2019, Ријека 2020, Нови Сад 2021, Љубљана, во МКЦ Скопје. Вклучувајќи издавање на истоимената брошура.

Линк (Брошура).  http://www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk/PDF/Brochure%20ECOC%20SK2027%20December%202015.pdf

2016 – Издавање на промотивната брошура „Скопје на патот кон титулата Европска престолнина на културата‘‘.

Линк (Брошура). http://www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk/PDF/BROSURA%20ECOC%20SKOPJE%20%202016.pdf

2017 – Културна програма и издавање на каталог со претставување на избор од културните програми на ЕПК Монс 2015, Плзен 2015, Сан Себастиан 2016, на 26 јули, 2017 во МКЦ Скопје.

Линк (Каталог).  http://www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk/PDF/ECOC_mk.pdf

2017 – Работилница за националните, општинските и независните институции и организации, ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА  2027 – „МОЖНОСТ ЗА ДОЛГОРОЧЕН РАЗВОЈ НА ГРАДОВИТЕ‘‘ , ментор Давор Буињац.

Линк (Брошура).  http://www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk/PDF/BroshuraEPKmk.pdf

Годинешнава работилница беше под менторство на минатогодишниот гостин Давор Буињац кој доаѓа од Љубљана, Словенија; работи како советник за култура во Град Љубљана. Негова експертиза се културните политики и креативните индустрии. Тој е автор на книгата „Креативните индустрии помеѓу митот и реалноста ‘‘ објавена на македонски јазик, и ко-автор на книгата „Livre Blanc on Cultural Policies of Local Authorities in Europe  ‘‘(Издадена од Les Recontres , 2009).

П Р О Г Р А М А

I.

28.09.2017, (четврток): ОБЛИКУВАЊЕ НА КОНЦЕПТ И ПРОГРАМА ЗА ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА“

Ментор:  Давор Буињац , Словенија

8.30 – 9.00, Регистрација и утринско освежување

9.00 – 10.30, Работилница (1 дел)

10.30 – 10.35, Кратка пауза

10.35 – 12.00, Работилница (2 дел)

Работилницата е наменета за уметниците, културните работници, претставниците на националните, општинските културни и образовни институции и невладините културни организации како и за сите актери на културниот живот во градот.

Секој град кој се кандидира за титулата Европска престолнина на културата (ЕПК) во својата апликација (т.н. bid-book) мора да одговори на бројни прашања кои се поделени на различни области. Прашања кои се однесуваат на концептот и културната програма се најважен дел во апликацијата од која зависи  дали градот ќе биде избран од страна на меѓународната панел група. Во поединечниот документ на Европската комисија под наслов Водич за градовите кои планираат да се кандидираат експлицитно е запишано: „Титулата ЕПК се доделува на градот врз основа на специфична и оригинална програма која е поразлична и ја надминува вообичаената  културна понуда на градот.‘‘ Со други зборови, титулата ЕПК не се доделува на културните програми кои веќе постојат во градот туку се однесува за новите културни содржини.

Како да се направи оригинален концепт и програма за ЕКП која нема да ги реферира  помодарските европски теми туку, од една страна ќе рефлектира културни и други специфичности на градот, а од друга страна ќе се нагласат заедничките карактеристики и разлики на културите во Европа? Како да се осмислат новите програмски содржини кои ќе останат како трајно наследство и по неколку години во градот кој ја носи титулата ЕПК? Кои теориски основи се корисни за изработка на концептот? Како културната програма да се стави во контекстот на „културно водена регенерација‘‘ (culture-led regeneration)? Работилницата е посветена на потрагата по одговорите на таквите и сличните прашања.

II.

29.09.2017, (петок): „ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА – МОЖНОСТ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ГРАДСКИ ПРОСТОРИ‘‘

Ментор:  Давор Буињац , Словенија

 

8.30 – 9.00,   Регистрација и утринско освежување

9.00 – 10.30,  Работилница (1 дел)

10.30 – 10.35, Кратка пауза

10.35 – 12.00, Работилница (2 дел)

Работилницата е наменета за сите оние кои се заинтересирани за просторните проблематики: архитекти, урбанисти, уметници, вработените во културните институции, претставниците на граѓанските иницијативи кои се занимаваат со просторни проблематики, итн.

Титулата „Европска престолнина на културата“  за избраниот град е своевидна шанса, не само да ја збогати својата културна понуда и да ја обнови културната инфраструктура, туку и да ги реализира битните придвижувања во уредувањето на своите улици, паркови и плоштади. Јавната уметност (public art) со своите интервенции во јавниот простор може да допринесе за регенeрација и ревитализација на градот како целина, а посебно во неговите поединечни  делови.  Учесниците на работилницата меѓу другото, ќе се запознаат со конкретни примери на ангажирани уметници со проекти, кои го оживуваат јавниот простор, како и вклучувањето на обичните граѓани во уредувањето на сопствениот животен простор преку микро-урбани интервенции.

Менторот Буињац,  презентира една созреана страна на гледање на општите работите кои го засегаат градот, притоа укажувајќи дека недостатоците на градот во вакви кандидатури оставаат поголема можност за реализирање на проекти кои можат да потикнат решавање на истите. Неговите теории кои излегуваа на моменти од формалноста упати добра порака до вработените во институциите, дека треба сериозно индивидуално да се борат за градот и да станат вистински слушатели на она за кое замеруваат жителите на Скопје.

Говореше за тоа, како со интервенција во индустриски пропаднати објекти може да се решат повеќе проблеми оддеднаш (зачувување на градителско наследство, вдомување на институција, потикнување културен развој во одреден дел на градот), потоа за тоа како проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје може да се претвори во проект од областа на културата и истиот да стане дел од нашата програма за кандидатура. Посвети внимание и на примерите од Љубљана и Европа, како и паралела со процесите на другите градови во составувањето на нивната кандидатура.

Она што го говореше и презентираше  Давор Буињац, остави впечаток на високо свесна личност која не е архитект, ниту урбанист, но има големо и суштинско познавање за темите. На моменти го потикнува и размислувањето за нашата ситуација, воедно и разочарувањето за глувоста на македонските локални власти, кои со години наназад ја игнорираат архитектонската фела која се обидува да ги иницира и потикне локалните власти за поинакво размислување и делување. Секогаш веројатно е полесно да чуеме кога доаѓа однадвор отколку одвнатре.

МАРХ, како поканет учесник на овогодинешната работилница, ја поздравува иницијативата и ќе се обиде да потикне поголемо вклучување на фелата во истата, како најзапознаена со проблемите на градот и неговите потенцијали.

 

Ф.К