Спортска сала „Градски Парк“ / Кунгуловски, Гициќ
21.11.2017 • XXI век
Проектантско биро: PROXY
Автори: Никола Кунгуловски, Медина Гициќ
Година: 2017
На дадената локација, во јадрото на Градски парк се предвидува спортска сала која има капацитет да ги задоволи меѓународните стандарди за современо спортување, како и одржување на настани од културен и социјален карактер.
Земајќи ја во предвид високо фрекфрентна и динамична локација во градски парк, целта на ова решение е да одговори со дополнителна програма, која на затворениот волумен ќе му овозможи флексибилност во понатамошното одржување и ќе претставува спортски објект и културна жижа на различни генерации и љубители на спортот, но и на обичните посетители на градскиот парк.
Ова решение дава одговор на неколку клучни аспекти, врзувајкји го функционалниот и програмски развој со обликовниот јазик.
Прво,спортската програма од затворен простор добива своја екстензија на отворената кровна површина и овозможува користење на целиот габарит со своја програма и контрола на користење. Второ, се искористува макимално расоложливата парцела,при тоа што во согласност со урбанистичкиоте норми има еркерни испусти во фасадата на горните ниовоа. Трето, претставува унифицирано, експресивно тело во просторот кое смело го наговестува домот на спортот.
Во текстот што следи ќе бидат разгледани подробно аспектите при проектирање на оваа сала:
ПРОГРАМА
Програмата е распределена на таков начин што овозможува непречен проток на различните групи на корисници, а истовремено и да одговори на постоечкото окружување и неговиот прироeдн каеактер. Па оттаму, сите јавни содржини кои може да функционираат независно од главната програма, како кафетерија, игротека и фан шопови, се ориентирани по надворешноста на објектот, на ул. Аминта Трети. Главниот сообраќаен и пешачки пристап на посетителите до објектот е од ново проектираната улица, додека влезот за спортисти, управа и новинари е од сротивната страна на објектот.
Спортското борилиште има тространo гледалиште, од која што дел се фиксни трибини(1945),дел се телскопски трибини (594), а дел се резервирани за ВИП ложата(100. Просториите за спортисти се сместени во задната страна на објектот на приземното ниво.
Основа на приземје
Просториите за управа, како и клубската просторија и кабинетот за физичка култура се сместени на првиот кат. Просториите на вип членовите се сместени на ниво на борилиште, со свое бифе и ложа од 100 места, а додека спортските домашни и гостински федерации ќе можат да уживаат во следење на натпреварите од вториот кат преку приватна тераса и лоби.
Основа на кат
На најгорното ниво се сместени прес центарот, новинарите, собата за режија и интервју, тв /радио коментатори, како и просторија за техничка опрема за освелување. Останатите технички простории се сместени во подрумските нивои.
Основа на II кат
Пресеци
Со ова решение посетителите ќе имаат посебна можност да уживаат во програмата на кровната тераса, каде што има патека за трчање по целиот периметар, амфитеатар по должина на објектот ориентиран кон паркот на југо западната страна и тениско игралиште во средиштето на кровната површина.
ФОРМА/СТРУКТУРА
Конструктивно објектот е предвиден да се изведе од челична конструкција , со решеткаст систем на кров формиран од еден повторлив модул. Фасадната обработка е од структурална стаклена фасада со алуминиумски панели. Како второстепена пластика се јавува обвивката од алуминиумски модул на кристал, која се издига од кота +6,50 и се извива најгоре заедно со кровната партија до висина од 20,00м.
Од естетски аспект претставува еден вид храм на културни и спортски збиднувања, каде формата на кристалот не само што е модул за формалното обликување, туку и има за цел да придонесе за уникатно доживување со тоа што е дел од внатрешниот простор во склоп на спортскиот терен.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
PROXY / Градски парк / Конкурсен труд / Медина Гициќ / Никола Кунгуловски / Работнички / Спортска сала