Станбен комплекс кај „Шампионче” во Кисела Вода / 1988/91

Автор: Лилјана Петровска

Инвеститор: ГП „Пелагонија” Скопје

Изведувач: ГП „Пелагонија” ЕЕ IV градилиште Титов Велес

Година на проектирање: 1988/89

Година на изведба: 1990/1991

Локација: Кисела Вода

Извор:Бимас 1993

20150724_111623

Со изведбата на станбениот комплекс, аголот на улицата Огнен Прица и улицата 359 го доби својот конечен и обликовен изглед. Станбениот објект,заедно со деловниот простор во приземјето кој продолжува и во посебниот објект, каскадно се повлекуваат и го ослободуваат аголот помеѓу двете улици. Приземјето е делумно ослободено со пешачки пробиви кои овозможуваат насочено движење на луѓето кон станбениот влез, дворните зелени површини на постојните објекти, делоните простории и групациите за одмор и контакти. Станбенит објект е со спратност П + 5 +По и П +6 +По, наменет за станување, и низок  П +, наменет за деловен простор.

20150724_111629

Основната идеја при проектирањето на станбениот објект, е игра на волумен со желба функционалните барања на станот да се вградат во објектот и да создаде оптимални услови за живеење.

Концепцијата на ст. објект е еден влез со централно поставено комуникациско јадро, околу кое симетрично се поставени осум стана со различна големина, структура и содржини. Кружното движење на станот го збогатува рационалниот простор и овозможува функционално и виуелно живеење.

Автор на статија: