Стара куќа – Скопје / 1836 год.
27.05.2015 • XVI - XIX век

Сопственик: семејство Јовановиќ
Година: 1836 година
Реновирана: 2000 година
Локација: спроти МОБ – Скопје
Денешна функција: ресторан
Извор: www.oldhouse.com.mk
Оваа едносемејна традиционална куќа со двор е редок примерок на народната архитектура од 19.-от век во Скопје. Градена е во лесна бондучна конструкција (дрвен скелет со полнетица од плитар) поставена врз масивни ѕидови од камен. Програмата на живеење се одвивала во затворениот дел од куќата, низ три нивоа и во отворениот простор од дворот. Распоредот на одаите на двете главни нивоа е ист а варијациите се случуваат во просториите за поврзување во вид на трем на приземјето, застаклен атрактивен чардак со платформа на катот и отворен чардак, исто така на катот.
Внатрешноста е впечатлива. Одаите се светли и пространи, опремени со долапи (вградени плакари), миндери и софи (места за седење), со малку подвижен мебел и со богато декорирани тавани и многу детали во резба.

Автор на статија: marh