Студиото Спин и Светлосна Врска / изложба во Јавна соба
06.12.2016 • Ентериер и мебел Информации
Студиото Спин и Светлосна Врска ве покануваат на заедничка изложба на која ќе бидат претставени нови и свежи дизајни .
Студиото Спин ќе ги презентира дизајните од последниот проект Ретро Визија, чија главна цел и овојпат е подигнување на еколошката свесност на конзументот за реупотреба на стариот мебел, предмети и материјали кој се дел од секојдневјиот отпад. На овој начин директно влијаеме на намалувањето на дел од отпадот (кој најчесто завршува како средство за огрев) а со тоа и на загадувањето на воздухот кој претставува сериозен проблем во последните неколку години. Спин и овојпат со еден нов и креативен пристап, наоѓа начин старите парчиња повторно да ги заживее создавајки нови и свежи дизајни, со задржување на нивната функција но некогаш и со нејзина комплетна промена.
На оваа изложба ќе има и големи попсути на постарите дизајни на Спин.
Светлосна Врска е проект кој има идеја да направи поврзување помеѓу традиционалната македонска применета уметност односно македонскиот народен вез и современиот индустриски дизајн и да создаде уникатни парчиња мебел за домот, во случајов столни лампи и лустери. Македонскиот народен вез јасно сведочи за творечката оригиналност на неговиот создавач – македонската жена. Примената на традиционалниот вез како графички и структурален сегмент од современи столни лампи, го продолжува нејзиниот вековен развој и ќе му даде нова димензија, примена и место во секој дом. Лампите се изработени од природни материјали и метал, и ни ја доближаат македонската традиција и уметност на елегантен и софистициран начин.
Настанот ќе биде зачинет со музичкиот избор Александар Зарапчиев.
почеток 20:00 часот
настан >>>
Автор на статија: marh
Јавна соба / Мебел / Спин