„Урбанистички план – просторот како ресурс или роба за продавање“
25.02.2016 • Информации Урбанизам

Насушна дебата организирана од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. На истата се надеваме на вистинска посетеност, со цел учество и придонес. Повикот го пренесуваме во целост:
„Урбанизацијата претставува одреден квалитет на општествени односи и начинот на живот. Скопје како најголема урбана целина во Македонија е неизбежна тема и тогаш кога станува збор за неадекватен развој на државата. Градот наместо да биде визија за развој претставува кочница. ГУП-от е пропуштена шанса за градот, но и целата земја да има јасна визија за развиток. Со урбано планирање се повеќе наместо професионалци се бават групи од кругови на политичка и финансиска моќ. Затоа кратковидоста во планирањето е логична последица. Згора на се постои и Закон за легализација на бесправно изградени објекти. Јасно е дека бесправната изградба е резултат на отсуство на урбана политика. Со легализација на хаосот само уште повеќе се потврдува дека квазиурбанизмот раѓа лоша архитектура.
Целта на ААМ е да организира дебата меѓу колеги, бидејќи сметаме дека крајно време е како професионалци да разговараме отворено меѓусебе, понесеме одговорност и превземемe обврски, како би ја подобриле состојбата. На сите ни е јасно дека грешките во урбанизмот се катастрофални по градовите и оштеството во целост.“
Извор: ААМ

Автор на статија: marh