Уставен суд го укина членот 50 ….
06.07.2017 • Информации Урбанизам
На вчерашната седница на Уставниот суд на Р.М, повеќето од судиите изгласале укинување на членот 50 од законот за урбанизам и просторно планирање. Истиот на Владата на Р.М овозможуваше прогласување на објекти од посебен интерес за државата, без никаква стручна комисија и образложенија, преку кој чин се одземаа ингеренциите на општините. Овој член беше клучен за слободните деланија низ центарот на Скопје.
Преку оваа одлука се заврши процесот кој беше инициран од здружението на архитекти „Проблесок“, со цел да се запрат тогаш најавените реобликувања и деградирања на ГТЦ, Народната Универзитетска библиотека и Македонската Опера и балет.
„Страшното“ во членот 50 беше што законот овозможуваше империјалистички слободи на Владата, со кои без никаков критериум можеше да пресуди за културното наследство. Едноставно речено, фелата и професијата требаше да се „моли“ за добриот вкус и „просветленост“ на Владата.
На овој член пред повеќе месеци му беше ставена времена мерка за запирање се до вчерашната конечна одлука.
Фотографии: Филип Куновски
Автор на статија: marh
Закон за урбанизам и просторно планирање / Уставен суд / Член 50