Уставен Суд привремено ги спаси ГТЦ, МОБ и Народна библиотека од “барок“
06.04.2017 • Информации
Македонската опера и балет, Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ и Градскиот трговски центар, за сега се спасија од квази барокните интервенции од страна на државата. Уставниот суд одлучи со мнозинство гласови да поведе постапка за преиспитување на членот 50 од законот за просторно и урбанистичко планирање.
Владата минатата година овие објекти се обиде да ги прогласи за објекти од посебен интерес за државата (што во суштина и се), но се со цел да може да и ги одземе ингеренциите на општина Центар над нив. Тоа значи државата без согласност на општината да може да дава дозвола за градба, доградба и реадаптирање на објектите. Во случај на наезда на фасадно реобликување на објектите низ центарот, ваквото преиспитување на одлуката може да биде суштинско. Решението за постапката судот треба да ја достави до собранието и владата, а институциите треба да одговорат до 40 дена. По добивањето на одговорите, судиите ќе гласаат за членот 50.
Автор на статија: marh
ГТЦ / МОБ / Народна библиотека / Уставен суд