Фудбалска академија ФК Вардар
20.06.2016 • XXI век
Година: 2016
Комплексот Фудбалска академија ФК Вардар е составен од три делови:
1. Прв објект – Спортски содржини и администрација
2. Втор објект – Јавни содржини и заеднички простории
3. Фудбалски терени со вештачка трева
Во овој прилог е прикажан првиот објект, сместен на југозападната страна на парцелата.
Објектот има три влеза и тоа западен влез за спортисти, источен влез за излез-влез на терените и јужен влез за лица од надвор.
Подрумот има : хол, теретана ,гардероби, економат, технички простории и остава.
Основа на подрум
Приземјето е поделено на два дела :
1. Дел за спортисти кој ги содржи следните простории: Две гардероби за спортисти со тоалети , тушеви и остава.
2. Дел за посетители кој содржи: Градероба ,тоалет, хол и предавална.
Преку комуникациите ,лифтот и скалите се надврзуваат другите два спрата.
Основа на приземјте
Катот содржи : хол, две гардероби за спортисти со тоалети ,тушеви и остава, две гардероби за тренери , тоалети, чајна кујна и четири канцеларии за клубската администрација.
Основа на кат
Идеата за формата, волуменот и изгледот е добиена како комбинација на повеќе фактори: Стаклената фасада која од една страна претставува своевидно обележје на модерните објекти е искористена да се преслика околината и зеленилото во паркот. Посебно внимание е обрнато на силуетата на соседниот објект, арената Филип II, како објект од огромно значење и статус.
Основа на кровна тераса
Делови од објектите го добиле токму тој соодветен дизајн во желба да се спојат со карактеристичните форми на стадионот.
Робусната челична конструкција која што се јавува околу објектите е одраз на јачината и челичниот карактер што го следи фудбалскиот клуб од самиот почеток. Ваквиот акцент е видлив и на влезните партии на едниот и колонадата на другиот објект.
Бидејќи објектите се ограничени со висина на истата челична конструкција се поставени бели прстени кои им даваат чувство на леснотија и лебдење на објектите. Истите прстени пак се комплетирани со црни траки кои се прекрстуваат по целата должина. Кај двата објекти и оградата која што оди по целата должина на терените се повторуваа карактеристични детали и приказната на вертикални јаки линии одразени преку стаклената фасада и косини кои ја дополнуваат на вистинскиот начин.
фото: Ф.К
Посебно внимание е посветено на доживување на објектите во ноќно време. Предвидено е карактеристично осветлување со лед светилки ,вметнати во најситен детал со кое објектите посебно се одвојуваат.
Приказната од екстериерот се прелева во ентериерното уредување. Сткаклена ограда по целиот атриум комбинирана со робусна метална рамка, отворен простор во комбинација со зеленилото на тревата која овој пат е поставена вертикално по цела висина на атриумот.
Како надополна на атриумот повтоно се јавува карактеристични тела со лед светилки. Објектот изобилува од контрадикторности кои споени на вистинскиот начин ја доловуваат целата историја и карактер на клубот. Се разбира боите на клубот се присутни постојано, во секој детал.
Кон галеријата од отворањето на објектот >>>
Фото: Борис Јурмовски
Ф.К
Автор на статија: marh