Центар за рециклажа / М. Крстевска, К. Ангеловска
24.02.2015 • Студентски проекти
Проект : ПОГОН ЗА ПРЕРАБОТКА НА ГРАДСКИ КОМУНАЛЕН ОТПАД – ЦЕНТАР ЗА РЕЦИКЛАЖА
Локација : СКОПЈЕ, ИНДУСТРИСКА ЗОНА ИСТОК, ЛОКАЛИТЕТ ВАРДАРИШТЕ
Автори/ студенти: КРСТЕВСКА МОНИКА, АНГЕЛОВСКА КОСТАНДИНА
Педагошки тим: доц. д-р. АЛЕКСАНДАР РАДЕВСКИ, асс. м-р ГОРАН МИЦКОВСКИ, дем. м-р МАРИО БАТКОСКИ
Година : 2014/2015
Согласно дадената програма и големината на локацијата, погонот во кој треба да се одвива процесот на рециклирање и преработка е поставен во близина на сообракајници кои се доминантни во индустриската околина, а притоа е оставена површина за идно, можно проширување на процесот во иднина. Пристапите во парцелата, за автомобили во администација и камиони околу погонот, се овозможени преку новопроектирана сообраќајница со понизок ранг,а постои и дополнителен сервисен влез/излез од другата страна на парцелата. Околу на околу главниот објект, се проектирани внатрешни патеки за непречено и функционално одвивање на процесот и движењето на камионите.
Основните различни програми на администација, едукација и процес на преработка се интегрирани во единствен волумен со појдовна форма на квадратен кубус и преку постапка на одземање и додавање е добиено ова функционално решение. Гестот на длабење на основниот волумен ги разделува двете програми и формира ориентација кон надвор за поквалитетно работно место и воедно простор за спојување на различните фунцкионални групи.
Промена на висините јасно ги дистинкцира различните просторни програми на администацијата, бункерите и просторот за линиите, а како дополнителна функција на едукација и следење на процесот на рециклирање е преку појавата на пешачки мост кој линиски се надоворзува на концептот со промените на кровните висини за осветлување и се ориентира во внатрешноста на просторот кај линиите,а во вид на галерии, излегува и се потенцира од двете страни на волуменот и го обележува главниот влез во приземјето.
Погонот е втопен во зеленило кое се формира по рабовите на парцелата со цел да се заштити околината и да се намали штетното влијание.
Автор на статија: marh