ЦЕНТАР ЗА ТЕХНОЛОГИЈА И АСТРОНОМИЈА / Климент Патчев 2013

Автор: Климент Патчев

Година : 2013

Ментор : доцент Михајло Зиноски

 

Опремен со своите пет сетила, човекот го истражува универзумот околу него и таа авантура ја нарекува Наука.
– Едвин Хабл –

 

Истражувањето-осознавањето на својот универзум, космосот и микро-космосот се најинтимниот и најинстинктивниот “комплекс“ на човекот. Примарниот порив да го надмине стравот и да влезе во просторот на напознатото и да го истражи.

Ништо подалеку од овој инстинкт е и неговата имагинација, способноста да ги визуелизира непознатите работи пред тие да станат негова “конечна“ реалност.

Токму во овие зборови се поврзувам на задачата на оваа тема на дипломска работа, во однос на “моделот на новата култура“ кој кореспондира со брзиот развој на технологијата, новата информациска доба на човештвото и промената на културолошките и социјалните парадигми за просторот – нашиот споствен микро-космос.

Целта на оваа дипломска работа е да се интегрира еден објект кој со својата програма ќе ги поддржи веќе постоечките информации во нашиот микро-космос Скопје – Македонија, и го продолжи развојот на идејата за истражување и научно воздигнување односно со повторно создавање да ја оживее културолошката и научната свест во нашите простори.

Во Македонија неможе да се говори за длабоки корени во доменот на астрономијата, но тие 60тина години на скромно негување на оваа научна дисциплина односно нејзините почетоци, оставиле длабок печат и причина за нејзино понатамошно усовршување.

MARH_prez 1

Почетоците генерално датираат од периодот по Втората светска војна, иако докази за индивидуални активности постојат уште од почетокот на 20тиот век, но во доменот на астрологијата.

MARH_prez 2

Во 1946 година во Скопје повторно се отвора Философскиот факултет со катедра за Природни науки и Математика за да во 1958 година се формира Факултетот за Природни науки и Математика.

MARH_prez 3

Факултетот негува особен интерес во изучувањето на астрономијата особено под покровителство на професорот Марин Каталиниќ (1887-1959) кој ја држел катедрата за физика при овој факултет. Благодарение на него и со негова препорака се испраќаат два студента (Паскал Сотировски и Кови Милошевиќ) во Меудон, Франција на студии по астрономија.
Во 1955 година тој нарачува од Француската компанија “Secretan” 200мм рефракторски телескоп со “Lyot” филтери за соларна фотографија. Тука се раѓа и идејата за поставување на сончева обсерваторија во град Скопје. Проектот за сончевата обсерваторија за кратко време бил усвоен и таа започнала да се гради во 1955 година на локација Зајчев Рид на тогашните граници на градот Скопје.

Катастрофалниот земјотрес во 1963 година до темел ја срушил недовршената градба и тука завршиле сите понатамошни аспирации за самостоен објект за астрономски истражувања во Македонија. Рефракторскиот телескоп е конзервиран и до некое време се наоѓаше во просториите на Природно-математичкиот Факултет во Скопје за да веќе е предаден на чување во Скопското Астрономско друштво.
Во наредните 30тина години тотално е згаснат духот за развивање на астрономијата во Македонија иако важно е да се напомене дека во тој период постоеле и функционирале аматерски астрономски друштва и клубови кои во секој случај го зачувале оној дух кон астрономијата.

По катастрофалниот земјотрес во Скопје како донација од владата на Алжир и тогашниот СССР во рамките на објектот на МКЦ е вметнат и мал планетариум со проектор “Carl Zeiss” кој до денес се користи чисто за едукација и организирани посети на деца од основно образование.
Денес има неколку астрономски друштва кои го представуваат општиот интерес кон оваа наука на аматерско и академско ниво во нашата земја.

Задача на овие друштва пред се е едукацијата на студенти и ученици кои имаат аспирации и интерес кон оваа дисциплина. Скопското астрономско друштво веќе неколку години континуирано одржува и курсеви по астрономија. Ваквите друштва пред се истражуваат, набљудуваат, фотографираат и документираат теренски истражувања. Организираат летни школи, кампови, посета на семинари и конвенции во земјите од соседството и пошироко како и учество во светските организации како Евро-Азиската астрономска унија и НАСА.

MARH_prez 4

MARH_prez 5

MARH_prez 6

MARH_prez 7

MARH_prez 8

Мојот концепт го градам врз идејата да се изгради објект односно да се овозможат простории за сместување на Скопското Астрономско друштво и притоа да се возобнови идејата за сончевата обсерваторија на Зајчев Рид. Главна цел на оваа обсерваторија е истражувањето односно набљудување на сонцето. Концептот за идејно решение подразбира и простории за едукација и музејски поставки од привремен и постојан карактер.

Идејното решение за Центарот за технологија и астрономија се наоѓа на локацијата Зајчев Рид, на северо-запад од центарот на градот Скопје.

MARH_prez 9

Пристап до локацијата е овозможен преку пат кој е поврзан со улица Скупи и води дирекно кон Државниот Хидрометеоролошки завод во Скопје од кој се предвидува новопроектирана улица која ќе ја следи трасата на постоечки макадамски пат кој води кон околни приватни земјишта и брдото на кое е поставен репетиторот на Зајчев рид. Самиот објект се предвидува да се постави токму на израмнетото земјиште веднаш под репетиторот со тоа што се овозможува од таа точка да се согледа панорамски градот Скопје и неговата околина и се овозможи непрекинат преглед кон небесниот свод.

MARH_prez 10

MARH_prez 11

MARH_prez 12
Локацијата е првично избрана и поради намалената воздушна загаденост во овој дел на Скопје како периферна локација, што е од големо значење кога се размислува за поставување на обсервациона кула со телескоп.
Објектот со својата форма ги следи основните принципи за развивање на една форма во просторот и негово преплетување со природната генеза, апсолутната хоризонтала, вертикалата, сферата и бесконечната спирала. Самата конструкција на објектот развивајќи се кон идејата за спиралата со себе носи една дисторзија и неправилност симболички одсликувајќи ја моќта на космосот и неговото создавање. Обсервационата кула во идејното решение е една абсолутна вертикала на монолитен столб кој со себе го носи духот-енергијата на новото осознавање и новиот почеток.

MARH_prez 13

 

MARH_prez 14

MARH_prez 15

MARH_prez 16

MARH_sl1

MARH_sl2

MARH_sl3

MARH_sl4

MARH_sl5

MARH_sl6

MARH_sl7

Автор на статија: