ЦЕНТАР НА РЕГИОНАЛНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ДЕБАР/ Петрова, Стојилова

Студенти/автори на проектот: Марија Петрова, Христина Стојилова

Архитектонско студио 6/2 – Архитектонски факултет, Скопје

Под менторство на:  Вон. Проф. Д-р Михајло Зиноски

Предметен професор: Проф. Д-р Анета Христова Поповска

Педагошки тим: Проф. Д-р Анета Христова Поповска, Вон. Проф. Д-р Михајло Зиноски,  Доц. д-р Мери Батакоја, сор. Дана Јовановска, сор. Владо Данаилов, сор. Михајло Стојановски  Локација: Дебар

Година: 2016/2017

Целта на задачата при предметот Архитектонско студио 6-2 беше успешно да се испроектира комплекс со хибридна програма, составена од музеј, библиотека, читална и сл, со што би се вдомил еден мулти-културен центар во рамки на гратското јадро во Дебар.

Локацијата на музејот се наоѓа во старото урбано ткиво на градот Дебар, односно на север токму на работ помеѓу природата и градското ткаење. Почетниот концепт беше задржан до самиот крај и истиот преставуваше разработка на музејот како коплекс кој ќе ја обедини во своите рамки и постојната црква на локацијата во вид на урбан блок. Па така започнавме со поставување на почетни оски на развој на формата кои што јасно ќе го дефинираат карактерот на просторот, односно посетителот би се движени низ севкенци на јавен прсотор (оската на скалите како една урбана улица низ комплексот), полујавен простор (плоштадот во јадрото на комплекост кој ги поврзува двете паралелни оски) и приватен простор (изложбените сали кои имаат исклучиво интровертен карактер).

Како локација во која се среќава исклучително домувањето, деликатна тема беше и задржувањето на соодветната приватност на жителите и посетителите, па неслучајно изложбените сали како кон себе ориентирани и интровертни простори се сместени на работ на улицата, истата на која е сместено и домувањето, со што и двете секвенци од градот (опшествениот и станбениот елемент) остануваат со загарантирана приватност.

Изложбениот простор е дефиниран во вид на вертикален чешел, што јасно се чита од пресекот низ истите, тој прествува градиран раст на кубусни модули дименизионирани по препознатливата форма од градското ткиво со што монументално се вклопува во контекстот, надоврзувајќи се на духот на местото.

Пристапот во комплексот се одвива воглавно од две улици:

  1. Постојната улицата која се врзува со градот и служи за директен пристап до црквата, музејот и плоштадот од две страни.
  2. Опслужувачката улица која се искачува кон административната кула и служи за довоз на експонати и контролиран влез за вработени низ библиотеката и до администрацијата.
  3. Овие две улици се поврзани со скалеста урбана улица, нормална на нив, која ја дефинира границата на музејот.

 

Во изложбениот дел движењето на посетителот не се одвива само во едно ниво, напротив тоа е траекторија која претставува искачување низ изложбените кули со нивно поврзување со околината со помош на интерполираните паузи во рамки на патеката на посетителот. Изложбата би била воглавно од скромни димензии, односно пред се како слики кои ќе го завземат ѕидното платно на катовите, мали артефакти во витрини и подвижни панели со резба на приземје.

Тоа е така со цел да потешките изложбени предмети бидат сместени најдолу, а полесните со лифт би се качувале нагоре на катовите. Комуникациите во така нарачените изложбени кули се сместени на истата страна на секоја од нив и се решени со благи двокраки скали, со што од висина на подест набљудувачот би имал можност во целост да го доживее изложениот артефакт.

Во издвоената административна кула со јавен карактер од спротивна страна е повторен истиот гест на сместување на комуникациите и сервисните простории на една од страните со што помеѓу двете зони на сервисни простории (на изложбените кули и административната кула) е добиен плоштад како простор кој ги обединува двете оски на програмата во едно, а под плоштадот се сместени реставрациските и конзерваторските лабратории.

Во оваа кула најдолу е депото кое е организирано по сектори соодветно на поставките, на ниво на плоштадот е влезот за посетители кој може да функционира како засебен влез во комплексот и од истиот се пристапува во аудиториумот, библиотеката со читална, ресторанот со кровна тераса и администрацијата.

Финализацијата на комлексот беше постигната со обликување на истиот во тула, како надоврзување на тема во традиционалното градење со тула во западниот дел на Македонија и додефинирање на музејот како монументална извајана силуета на градот Дебар во одлична корелација со постојното органско гратско ткиво.

Ф.К