2 години МАРХ :)
24.11.2016 • Информации
Денес полниме 2 години, откако на 24.11.2014 се впуштивме во мисија за комерцијална промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност. Чекориме полека но со многу љубов и со желба да ги истакнеме вредностите и нивото на развој на архитектурата на почвата на Македонија, од неолитот до денес.
Она што не разликува од другите страни за архитектура е тоа што сме посветени во времињата во кои сме загубени, да ја потикнеме самодовербата во самите себеси како општество. Затоа не промовираме само актуелна архитектура, туку се потсетуваме и на големите достигнувања на македонските архитекти од минатото, им оддаваме почит и промоција.
Сеуште недостасува самоиницијативноста на македонските бироа и фела да ја искористат целосната можност што МАРХ ја нуди, меѓутоа секојдневно се подобруваме и ги јакнеме заедничките добронамерни односи.
Изминатава година веќе учествувавме во проширување на мисијата, преку соработка во организација на работилница со Архипункт и Wikipedia за поголема достапност на информациите од архитектурата во нет просторот, потоа бевме дел од Бимас 2016, со првата своја изложба. Делувањето и понатаму се шири, со веќе најавените печатените изданија, кои се надеваме дека во првите месеци на 2017та ќе можете да ги погледнете.
Изминативе 2 години низ бројки изгледаат вака:
– 570 објави во 19 категории;
– Преку 1.300.000 посети;
– Повеќе од 5000 следбеници на социјалната мрежа Facebook;
– Присутни на: facebook, twitter, instagram, pinterest;
– Најпопуларна објава: Победничкото идејно решение за „Луна парк” /Група автори 2015
– Ден со најмногу посети ( 24.137) : 23.11.2016
Марх ви благодари на сите кои не следите, бироата кои несебично соработуваа, ААМ, инзвонредните студенти, професорите и факултетите, на сите членови и соработници,како и на сите кои ни се израдуваа од срце и ни се силна поддршка!
СЕКОМУ ДОБРО!
Тимот на МАРХ
Автор на статија: marh