Како помина отварањето на изложбата „40 години Траги во просторот“
12.02.2016 • Изложби
На 10ти февруари во Музејот на Град Скопје, се одржа отварањето на изложбата „40 години Траги во просторот“ посветена на архитектонското и дизајнерско творештво на архитектот Билјана Филиповска.
Изложбата свечено ја отворија Љубен Тевдовски, директор на музејот на град Скопје, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседател на Асoцијацијата на aрхитекти на Македонија и проф.д-р Калиопа Димитровска Ендрујс од Љубљана. Потоа збор зеде и самата авторка Билјана Филиповска, која ја истакна важноста на промовирањето на својот труд и отварањето на професијата кон јавноста.
Изложбата е составена од најзначајните проекти реализирани во текот на нејзиното 40 годишно творештво. Станува збор за објекти со разни намени и од најразлични периоди и стилови, изработени индивидуално или во тим со други големи архитекти.
Дел од изложбените паноа беа посветени и на творештвото на Билјана Филиповска во полето на графичкиот дизајн претставено преку постери на неколку претстави од Драмскиот театар во Скопје.
Сите заинтересирани ќе имаат можност да ја видат изложбата во рамките на работното време на Музејот на Град Скопје, до 28 февруари.
Текстот го подготви: Ноеми Чаусидис
Фотографии од настанот: Борис Јурмовски
Автор на статија: marh