5. ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА ОХРИД, 25 ЈУНИ – 2 ЈУЛИ 2017 / UACS
23.06.2017 • Информации
ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН
УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ
Во рамки на свеченото отворање на петтата сесија на меѓународната Летна школа за архитектура, што ја организира Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, отворено предавање ќе одржи архитект Деан Лах на кое ќе ја претстави работата на студиото Енота.
Настанот ќе се одржи на 25.06.2017 (недела) со почеток во 20 часот, во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид.
* * *
Во Охрид, во периодот од 25. јуни до 2. јули ќе се одржи петтата сесија на меѓународната Летна школа за архитектура во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Тема на овогодинешната сесија е „Природни системи“ и ќе биде под раководство на архитектот од Словенија, Деан Лах, коосновач и партнер во реномираното архитектонско студио Енота од Љубљана, Словенија. Гости на Летната школа ќе бидат и архитектите Крешимир Рогина и Винко Пенезиќ од Хрватска и Јуриј Личен од Словенија. Со студентите ќе работи и тимот од Факултетот за архитектура и дизајн.
Во претходните сесии на Летната школа на Факултетот за архитектура и дизајн гости тутори беа архитектите Јошихару Цукамото, Момојо Каиџима (Atelier Bow-Wow) од Јапонија, Симон Хартман, Симон Фроменвилер и Тило Херлих (HHF Architects) од Швајцарија, Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина (Penezic & Rogina architects) од Хрватска.
Материјалот го приложи и обработи: Антонио Грујевски