54 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Пред 54 години, на 26 јули, во 5:17 се случи скопската трагедија, градот го погоди  земјотрес  во кој згаснаа 1070 животи, беа повредени повеќе од 4000 луѓе, а без дом oстанаа околу 200.000 жители на градот.

zemjotres1

Во пепелта изгубивме 80 % од градот,  го загубивме таканареченото „Старо Скопје”. Градот и после половина век живее со споменот на земјотресот, со траги и носталгија кои на моменти излегоа од контрола креирајќи романтизам во чувствата и идејата за центарот на Скопје.

zemjotres skopje

image

zemjotresot-63-godina-vo-skopje-520x292

На 26 јули 1963 година  Скопје беше разурнато од земјотрес од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала), траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.

skopje-zemjotres-1963-niz-objektivot-na-life-1278

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

skopska katastrofa

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

amerikanska pomosh za skopje

image004

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз – Тито, изјавил:

Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.

Old_Skopje_Train_Station

Овие зборови беа поставени на Старата железничка станица, меморијал за кобното утро. Но истите беа отстранети и нокогаш повеќе вратени.

foto-skopje-zemjotres1

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол за големиот земјотрес. Часовникот на станицата е  застанат на 5 часот и 17 минути изутрина.

Во спомен на загинатите, секоја година на градските гробишта Бутел, се положува цвеќе на паметникот, во спомен на загубените животи во катастрофата.

20150726_100950

20150726_094621

20150726_094849

20150726_10012320150726_103050

20150726_094425

20150726_095646

По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Но и после половина век  не успеавме да ја реализираме до крај идејата за градот на иднината и модерното Скопје.

Градот  пред земјотресот:

Старото скопје

старото скопје с

Skopje-bul-makedonija

Старо Скопје

staro-skopje-4

Извор: wikipedia, македонски форуми, портали, лични извори

Ф.К