КОМПЛЕКС ЗА ОДМОР – ЗАПОЉАРЕ, СОЧИ, РУСИЈА / РАЃЕНОВИЌ, ИВАНОВСКИ, ПЕТКОВА-КОСТИЌ, МИТРОВИЌ, СЕКУЛОВСКА И ФИЛИПОВА
03.03.2018 • ХХ век / II половина
Година на проектирање: 1981 – 1982
Година на изведување: 1982 – 1984
АВТОРИ I ФАЗА: Радован Раѓеновиќ, Зоран Ивановски, Донка Петкова-Костиќ, Миодраг Митровиќ, Лилјана Секуловска, Цвета Филипова;
АВТОРИ II ФАЗА: Ѓорѓи Банишки, Мирко Андовски, Љупчо Бораниев, Марија Кокалевска, Љубица Малинковска, Ранчо Христов, Теофана П. Шимиќ;
ОД СТРАНА НА СССР: Владимир Востинијук, Витали Шевцов, Алек Казински, Наташа Качалова, Оља Саројан;
ИЗВЕДУВАЧИ: ГРО „Маврово“ – Скопје, ООЗТ „ВИСОКОГРАДБА“, СОВСТРИМ, Москва, ССР.
Сл, 1. Сочи, Русија.
Сл, 2. БИМАС 2 (1983г.)
„Објекотот содржи 72 спални соби (еднокреветни, двокреветни и апартмански единици) со вкупно 133 места. Покрај останатите помошни простории објектот содржи и група медицински простории. Вкупната површина на објектот изнесува 4058,67m². Со својата поставка, волумен и содржина објектот значи надополнување и проширување на постоечките функции на комплексот.
Сл, 3. Комплекс Запољаре (www.zapolarye-spa.ru)
Корпусот К7 содржи 380 соби со вкупно 581 легло, и потребни содржини за опслужување на гостите. Вкупната површина на објектот е 14700m².
Сл, 4. Корпус 7 (www.zapolarye.ru)
Објектот преставува комплекс од четири ресторани за вкупно 1000 особи, дел за приготвување на 14000 оброци, сала за танцување, кино сала за 350 гледачи и куглана. Вкупната површина на ресторанскиот комплекс изнесува 6332,35m².
Сл, 5. Корпус 7 (www.san-zapolyarie.ru)
Корпусот К6 содржи дел за одмор со 131 двокреветни соби или 252 легла, и дел за едицински простории со кабинет за лекар, медицински сестри, изолации и други помошни простории, со вкупна површина на објектот од 8184,87m².
Во архитектонска смисла успешно се вклопува во конфигурацијата на теренот и околниот дендро парк.“
Сл, 6. Корпус 6 (www.zapolarye.ru)
Сл, 7. (www.san-zapolyarie.ru)
Повеќе за самиот објект, неговата изведба и работата на вакви интернационални проекти може да проследите во текстот од неговиот автор – архитетот Раѓеновиќ, во објавата МАЈСТОР И СОЧИ.
Сл, 8. (www.san-zapolyarie.ru)
Сл, 9. БИМАС 2 (1983г.)
Сл, 10. БИМАС 2 (1983г.)
Сл, 11. БИМАС 3 (1985г.)
Сл, 12. БИМАС 3 (1985г.)
Сл, 13. БИМАС 3 (1985г.)
Сл, 14. БИМАС 3 (1985г.)
Извор: СДАМ, 2. Биенале на Македонската Архиектура, Скопје, 1983; СДАМ, 3. Биенале на Македонската Архиектура, Скопје, 1985;
Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
бимас 1983 / бимас 1985 / Русија / сочи / хотел