Благоја Мицевски – Бајо (1931-2002)
23.02.2018 • Автори
Материјалот го приложи: Маја Петковска
Извори: Публикација за ретроспективна изложба на Благоја Мицевски – Бајо во организација на МАНУ; Публикација "Десет носители на наградата Андреја Дамјанов" - ААМ; Сеќавања на архитект Мери Поцева Мицевска.
Во развојот на современата македонска архитектура, творештвото на архитектот Благоја Мицевски – Бајо, остави длабоки неизбришливи траги и зазема значајно место во македонското градителство и култура. Тоа е значајно поради неговиот богат и разновиден опус со високи архитектонски квалитети, вреднувано и наградувано на бројни јавни конкурси и преку реализираните објекти што Мицевски го афирмира во пошироките балкански простори и надвор од нив.
Спаѓа меѓу првите генерации македонски архитекти кој студиите ги завршува на Техничкиот факултет – архитектонски оддел на Универзитетот во Скопје во 1958 година. Неговиот талент во сликарството, како и кон проектирањето беше забележан од страна на професорите. Кај проф. Љубомир Белогаски станува демонстратор по предмет слободно цртање, а кај проф. Јован Ранковиќ демонстратор по станбени и колективни згради и негов соработник во повеќе проекти.
Соработката со факултетот ја продолжува како хонорарен асистент и стручен соработник. Желбата и страста кон проектирањето беа посилни од универзитетската кариера, така што Мицевски целиот свој работен стаж го поминува во проектантски организации. По дипломирањето се вработува во проектантската организација “Бетон”, а потоа во проектантската организација “Македонија проект”. Во периодот 1966-1967 работи во проектантската организација “Клагенфурт” – Австрија. По пензионирањето проектантската активност ја продолжува во своето ателје “Бајоарх”.
За Мицевски архитектурата претставува бескрајно барање и моделирање во инженерството и хуманоста на човечкото живеење, на рационалното и на естетското вечно барање на најубавиот спој на материјалната и духовната култура, како и дивата упорност на работата поттикнувана, како што велеше тој “од свесни и потсвесни сили изразени како архитектонски продукт”.
Општествени признанија и пофалби:
1967 год. Плакета на “Борба” за Основно училиште “Мирче Ацев” во Скопје;
1977 год. Златна плакета од Ватикан за проектот на Католичка црква во Скопје
1983 год. Диплома од БИЕНАЛЕТО на македонската архитектура за станбена зграда во Скопје;
1985 год. Диплома од БИЕНАЛЕТО на македонската архитектура за индивидуална станбена зграда во Кавадарци;
1988 год. Плакета на “Борба” за станбениот блок “Скопјанка” во Скопје;
1997 год. Највисока наша награда за животно дело “Андреј Дамјанов”;
- Повеќе плакети за успеси и афирмација на “Македонија проект”;
- Повеќе од 40 награди добиени на конкурси, од кои 16 се првопласирани.
Станбено деловен комплекс „Скопјанка“ -Google Maps
Позначајни реализирани објекти:
- Основно училиште “Мирче Ацев” во Скопје;
- Комплекс “Саем” во Скопје, во тим со С. Ѓуриќ, Д. Димитров и Ж. Гелевски;
- Станбени објекти во Кавадарци;
- Станбени објекти на Бул. “ЈНА” и Бул. “Партизански одреди” во Скопје со арх. Васка Ладинска;
- Станбени објекти “Капиштец” во Скопје;
- Станбена населба “Белка” во Кавадарци со арх. Мери Поцева Мицевска;
- Хотел “Липа” во Прилеп;
Хотел „ЛИПА“ Прилеп – Google Maps
- Хотел “Паштрик” во Ѓаковица;
- Поликлиника “Ребро” во Загреб;
- Католичка црква во Скопје со арх. Славко Ѓуриќ;
„Свето срце Исусово“- Скопје /Борис Јурмовски
- Бискупски ордининаријат во Скопје со арх. Славко Ѓуриќ;
- Католички самостан во Скопје;
- Станбено деловен објект “Скопјанка” во Скопје;
- Дома за стари лица во Клагенфурт, Австрија;
- Сервис “Мерцедес” во Клагенфурт, Австрија;
- Станбен објект во Клагенфурт, Австрија;
- Индивидуални куќи во Копер;
- Станбена населба во Заечар со арх. Мери Поцева Мицевска;
- Погон за електролиза “Биљана” – Охис во Скопје;
- Алатница “Металски завод – Тито” во Скопје;
- Текстилен комбинат во Битола;
- Индустриски објект “Јака 80” во Радовиш;
- Индустриски објекти во Белје;
- Католичка црква во Охрид;
- Бизнис хотел “Арка” во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
- Станбени кули “Карпош 4” во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
- Станбен блок “Карпош 4” во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
- Реонски центар во Ново Лисиче во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
- Станбени кули во Ново Лисиче во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска;
- Поштенска штедилница во Скопје со арх. Мери Поцева Мицевска
Наградени конкурсни трудови:
Поголем дел од конкурсните трудови ги работи самостојно, а во останатите случаи се јавува како водител на тим на архитекти.
1965 год. Станбено деловен комплекс “Чешаљ” во Пирот, Србија и Црна Гора; – Прва награда
1965 год. Зградата на РТВ во Загреб, Хрватска- Трета награда
1967 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Филозофски, Економски и Правен факултет во Скопје; – Втора награда
1967 год. Хемиски институт на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје; – Трета награда
1968 год. Архитектонско урбанистичко решение на аголот на улиците “Масарикова” и “Кнез Милош” во Белград, Србија и Црна Гора; – Прва награда
1968 год. Дом на техника, пионери и младина во Скопје; – Прва награда
1968 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за комплекс “Саем” во Скопје;- Втора награда, првата не е доделена
1968 год. Идејно архитектонско решение за оперско балетска зграда во Скопје;- Четврта награда
1969 год. Хотел “Де Лукс” во Скопје; – Прва награда
1975 год. Станбена населба – станови “Капиштец” во Скопје;- Прва награда
1980 год. Урбанистичко решение “Центар” во Ѓаковица- Прва награда
1981 год. Станбено деловен комплекс “Два брата” во Заечар, Србија и Црна Гора; – Прва награда
1985 год. Хотел “Паштрик” во Ѓаковица – Прва награда
1985 год. Станбена населба “Белка” во Кавадарци;- Прва награда
1985 год. Нов трговски центар во Кавадарци; – Втора награда
1989 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за улица “Максим Горки” во Скопје; – Втора награда
1990 год. Станбена населба “Железничка” во Ниш, Србија и Црна Гора;- Прва награда
1991 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за станбено деловен објект “Кеј” во Кралево, Србија и Црна Гора;- Втора награда
1995 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за хотел од висока “Б” категорија во Скопје;- Втора награда, првата не е доделена
1997 год. Идејно архитектонско-урбанистичко решение за спортска сала Скопски Саем во Скопје;- Трета награда, првата и втората не се доделени
1999 год. Идејно решение за административно-деловен објект на АД “Македонски телекомуникации” во Скопје;- Втора награда, четири еднакво оценети труда, првата награда не е доделена
2000 год. Идејно решение за административно-деловен центар “Македонска пошта” во Скопје; – Прва награда
2000 год. Идејни архитектонски проекти за изградба на типски станови;- Прва награда за кули и блокови
Графика
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski