Работна верзија од Нацрт законот за просторно и урбанистичко планирање
14.05.2018 • Информации Урбанизам
Извори: http://komoraoai.mk
Комората на овластени архитекти и инжењери на Република Македонија ја објави работната верзија од Нацрт Законот за просторно и урбанистичко планирање кој е доставен од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, а во кои се водело сметка на забелешките на работната група К0 од Комората формирана согласно Акцискиот план за реформа на законодавството од областа на планирањето и градењето.
Сите забелешки на нацрт верзијата на законот можете да ги доставите на следните е-маил адреси најдоцна до 15 мај 2018, до 16 часот:
– a.zaklina@komoraoai.mk , м-р Жаклина Ангеловска, Координатор на работната група К0
– contact@komoraoai.mk , Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РМ
По одлука на К0 и одобрение на претседателот на Комората, Нацрт верзијата на законот е ставен на веб страната на Комората и можете да го превземете преку следниот линк: Нацрт-Закон за просторно и урбанистичко планирање [DOC]
Автор на статија: marh
закон / Комора на овластени архитекти и инжењери / Нацрт / просторно планирање / урбанистичко планирање