Институт за радиологија и онкологија
16.01.2019 • ХХ век / II половина
Автор: Димитар Симоновски
Изведувач: Пелагонија
Година: 1967
Фотографии: Дрнков, Георгиевски, Стојковски
Објектот на Институтот за радиологија и онкологија, се наоѓа во комплексот универзитетски клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Авторот на објектот не ни е познат но според официјалната страна , оваа институција го достигнува своето најголемо растење со изградбата на новата зграда (тогаш најсовремен објект на балканот во сферата) во 1967 година.
Организационата шема на зградата е добиена преку обединување на два различни по големина правоаголни кубуси, во чија внатрешност се формираат централни дворишта (атриуми) .
Институтот остава интересен визуелен впечаток како во ектериерот така и во ентериерот во кој естетскиот обликовен идентитет е креиран преку мозаични композции.
Материјалот го најдовме во капиталното портфолио на некогаш моќното градежно претпријатие „Пелагонија“, издадено 1975 година.
Во случај да поседувате повеќе информации, ве охрабруваме да не контактирате.
Автор на статија: Filip Koneski