‘Скопје Град, архитектура и уметност на солидарноста’

Од основањето на Музејот на современата уметност Скопје и донацијата на полските автори составена од 212 дела од 134 автори, полската колекција на МСУ за прв пат до сега се изложува во земјата донатор. Интересот за оваа селекција на дела започна пред неполни 3 години, кога и прелиминарно е направен еден преглед на делата од страна на стручни лица кустос и конзерватор од Р.Полска во соработка со Амбасадата на Р.Полска во Република Македонија, за да во 2018 година кустоси од Интернационалниот културен центар во Краков, Моника Рудигер, Агата Васовска и Лукаш Галушек во соработка со кустосите Марика Бочварова Плавевска и Благоја Варошанец од МСУ направија финална селекција на делата за изложбата која ќе се отвори на 9 јули 2019 во Меѓународниот културен центар во Краков, Р.Полска.

 

 

Во целиот тек на преговори е вклучено и Министерството за култура како подржувач на овој проект во рамките на билатералната соработка помеѓу културните институции на двете држави. На изложбата ќе бидат претставени 76 уметнички дела, цртежи, графики, скулптури, слики, плакети и архивски материјал. Во склоп на оваа изложба во соработка со Архитектонскиот факултет при УКИМ и Музеј на град Скопје ќе бидат изложени 5 макети(Градски архив на Скопје, Телекомуникациски центар Скопје, Универзитетски кампус Св.Кирил и Методиј, Музеј на современата уметност и Македонска опера и балет) како и оригиналната макета за изгледот на пост земјотресно Скопје на Кензо Танге.

 

Куратори и координатори на проектот:

Марика Бочварова Плавевска-кустос советник

Благоја Варошанец-кустос

Автор на статија: