ИЗЛОЖБА „УМЕТНИЧКА ТВРДИНА“

Фотографии од отворањето на изложбата на трудовите пристигнати на меѓународниот конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение на ридот Кале во Скопје, отворена на 22.10.2019 година во Музејот на современата уметност во Скопје.

 

 

Конкурсот и изложбата на пристигнатите трудови претставуваат активности во рамки на проектот „ROCK“ – Уметничка тврдина, чијашто цел е да ја поттикне ревитализацијата и просторното уредување на ридот Кале во привлечна и посетена градска содржина со различни културни, образовни и рекреативни функции.

 

 

 

Проектот се реализира во партнерство помеѓу Архитектонскиот факултет, Музејот на современата уметност и Град Скопје. Автор на фотографиите е Мила Гавриловска.

 

 

На конкурсот за изработка на идејно архитектонско и урбанистичко решение за уредување на ридот Кале во Скопје до определениот рок 15 мај 2019 година, пристигнаа вкупно седумнаесет (17) трудови.

 

 

Работејќи во две одвоени сесии на оценка на пристигнатите трудови, Конкурсната комисија се одлучи да додели две (2) рамноправни први награди на трудовите под шифра “SO 162” и “Modul” и трета награда на трудот под шифра “LOG 01”.

 

 

Конкурсна комисија во состав:

Зоран Петровски – претседател, Музеј на современата уметност Скопје
Професор д-р Влатко П. Коробар – Архитектонски факултет, Скопје
Вонреден професор д-р Јован Ивановски – Архитектонски факултет, Скопје
Доцент д-р Горан Мицковски – Архитектонски факултет, Скопје
Доцент д-р Ана Ивановска Дескова – Архитектонски факултет, Скопје
Архитект м-р Снежана Герасимова – Управа за заштита на културното наследство
Доцент д-р Мери Батакоја – Архитектонски факултет, Скопје

 

 

извор >>>

Автор на статија: