Детско одмаралиште „Титови пионери“, село Николиќ, Дојран
01.09.2021 • ХХ век / II половина
Автори: Непознат
Година: Крај на 1970 години
Локација: Село Николиќ, Дојран
Детските и работничките одмаралишта во Македонија се уште една жртва на долгодишната транзиција. Најголем дел од детски одмаралишта во Македонија денес се заборавени, продадени и руинирани.
Детското одмаралиште „Титови пионери“ крај селото Николиќ, Дојран претставува објект од извонредна архитектонска вредност и квалитет кој за жал денеска е руина. Лоцирано непосредно до Дојранското езеро, одмаралиштето со својот разигран план ги врамува сите посебности на својата локација.
Архитектонскот обликување на објектот е јасно произлезено од неговата функција. Функцијата е јасно читлива преку обликувањето и волумените кои го сочинуваат објектот. Преку варијациите на истите, одмаралиштето е расчленето во 5 „посебни“ единици симетрично поставени и дел придружни објекти. Според информациите од катастар објектот има градежна парцела од 6366,2 м2.
Конструкцијата и фасадната обработка е од комбинација на изложен (натур) армиран бетон и груба малтерна обработка со нагласен висок кров поставен на метална конструкција која му дава посмирен однос и игра со околината.
Според последните информации комплексот до 2015 е во сопственост на Министерство за труд и социјална политика кога имаше и обид заедно со уште 5 одмаралишта да биде продадено на приватни инвеститори.
На следниов линк од Радио Валандово можете да го погледнете видеото од состојбата во 2019 година.
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Анонимна архитектура / Дојран / Одмаралишта / Руина / Транзиција