Интернационален студентски архитектонски конкурс DOCExDOCE (12×12)

Конкурсот го организира DOCExDOCE (12×12) во соработка со Europan. DOCExDOCE e шпанска организација која од 2017та година организира уникатни интернационални конкурси за студенти по архитектура.

Се работи за интензивен конкурс кој трае само 12 часа. Уникатноста е во краткото времетраење на конкурсот со што се овозможува секој да има можност да учествува.  Темата е непозната се до самиот почеток на конкурсот и тогаш ќе биде споделена со учесниците се со цел секој да има подеднаква шанса.

Конкурсот ќе се одржи на 9ти ноември 2022г, почнувајќи во 09:00h наутро и ќе заврши во 21:00h. Краен рок за пријава е 6ти ноември 2022г.

 

 

1st Prize EUROPE 2021 Beyond Berriers

 

2nd Prize EUROPE 2021 Beyond Berriers

 

3rd Prize EUROPE 2021 Beyond Berriers

 

Пријавата на конкурсот е целосно бесплатна за сите студенти.

12 награди за 12h:

1 Награда е 1500 €

2 Награда е 1000 € 

3 Награда е 500 €

и 8 награди по 100 €

 

Линк за пријава : 

https://www.docexdoce.org/sign-up

Пријавата се состои во групи од 2-4 студенти.  

Концепт на амбасади:
Годинава има 15 амбасади од Европа. Секоја амбасада го претставува својот факултет. Како дел од идеата на целиот концепт е преку амбасадите да се обезбеди простор каде што студентите ќе можат да работат заедно.Тоа овозможува поголема соработка, дружење, ентузијазам и размена на идеи со цел подобро искуство и резултати со враќање на архитектонското чувство на заедништво после 2 изданија кои се одвиваа целосно online.

 

 

Македонската Амбасада е дел од 15те амбасади, и со тоа овозможена е од страна на организаторот опцијата да конкурсот биде изработен и на македонски / мајчин јазик

Бидејќи претставници на Амбасадата која ја претставува Македонија, Давид Костадиноски и Филип Спасески се студенти од Архитектонски Факултет – Скопје УКИМ, во соработка со факултетот , сите студенти кои се од Архитектонски Факултет – Скопје УКИМ ќе имаат можност да работат на конкурсот во дел од просториите на факултетот кои ќе бидат објавени на инстаграм страната https://www.instagram.com/fss.afs/

Можност за online учество имаат студентите од сите  Архитектонски Факултети од Македонија. 

За подетални информации во врска со претходни изданија, стручна комисија и дополнителни информации :

https://www.docexdoce.org/

Автор на статија:

/ /