QiH Skopje /  Parallel Group

Автори: Татјана Гиновска, Ирина Петковска

Проектантско биро: Parallel Group

Инвеститор: QiH

Година на изведба: 2022

Локација: Скопје

Фотографии: 

 

 

Авторско образложение:

QiH е интернационална маркетинг агенција со седиште во Лондон која неодамна отвори нова канцеларија во Скопје. Уредувањето на канцеларискиот простор им припадна на архитектите на Parallel Group од Скопје кои професионално одговорија на поставените услови и желби на целиот тим на QiH.

 

 

Начинот на работа и културата на компанијата главно се заснова на тимска соработка, следствено на тоа се креираше простор во кој ќе може слободно да се движат сите вработени со посебни зони за соработка и дружење. Просторот нема јасна поделба за различните сектори кои работат во компанијата, односно сите сектори кои фигурираат работат во еден отворен и голем простор во кој директно соработуваат и се социјализираат.

 

 

Просторот е поделен во неколку зони, во кои се распоредени сите потребни елементи и позиции за извршување на дневните задачи. На влезот се поставени слики на кои се напишани вредностите на бреднот. Прво нешто кое се забележува кога ќе влезете во работниот простор е големото 3Д лого на фирмата кое е поставено странично во однос на работната зона, како и повеќе брендинг елементи користени низ целиот простор, низ слики, бои или гравирање на работните површини. Просторот располага и со соба за состаноци, “Game & Relax” зона во која вработените можат да се опуштат, како и комплетно опремена кујна со внимателно одбрани елементи во сооднос со целиот простор. Доколку вработените имаат потреба од приватност ,просторот располага со повеќе наменски “phone booths” за приватни разговори и состаноци.

 

 

Дизајнот на објектот е во индустриски стил, со елементи на отворени електрични инсталации, “голи ѕидови” и воздушна вентилација. Користени се бренд боите заедно со комбинација на вештачка трева, како и природно зеленило.

 

 

Со обезбедување пристап до природна светлина, панорамски поглед и тераса на отворено, вклучување простори за релаксација и додавање на опции за здрава храна и пијалоци во кујната и барот, се стави акцент за иницијативата за здравје и благосостојба на вработените.