Симбол на христијанството / Константиновски

Повод: 2000 години христијанството

Локација: Ерусалим

Автор: Георги Константиновски

Година: 1971

 

Во својата книга „Патот на еден архитект“ големиот македонски архитект Георги Константиновски, го презентира своето 70 годишно творештво. На 79 страница, раскажува за предлог проектот „Симоблот на христијанството“ и приказната околу неговото настанување.

Свештеното лице Михајло Парнаџиев, при една посета на бирото на Константиновски, нафрлува идеја дека е потребно да се изгради голем споменик во Ерусалим, по повод двеилјадигодишнината од постоењето на христијанството. На големо задоволство, Георги го прифатил предизвикот, започнувајќи да истражува преку моделирање во дрво од балза. Во мислата на архитектот е крстот и 2 мотиви, тешкиот и макотрпниот пат на христијанството во првите векови но и  негова  чиста енергија на неуништливост. Овие мотиви го насочиле авторот кон разбивање на симетричната и правилна геометрија на крстот.

Откако го завршува овој проектот, Константиновски подготвува една луксузна копија со фотографии од моделот кои Парнаџиев ветил дека ќе му ги презентира лично на папата. Но одговор за оваа мисија, никогаш не бил добиен.

 

Атмосфера во централната црква

 

Инаку височината на крстот изнесувала 230 м, поставен на платформа од 130/175 метри. Во телото на објектот се проектирани цркви за сите христијански цркви, една над друга. На височина од 135 метри, во првиот крак била сместена главната централна црква со капацитет од 2000 верници, додека на вториот крај на 155 метри височина била проектирана повеќенаменската сала и ресторан со видиковци.

 

Основа на централната црква

 

Извор:Патот на еден архитект“ 1958 -2013