Винарија Галиќ / Два архитекта
02.05.2023 • Од регионот
Локација: Кутјево, Хрватска
Година на проектирање: 2015
Година на изведба: 2018
Автори: TOMISLAV ĆURKOVIĆ , ZORAN ZIDARIĆ
Студио: Два архитекта
Површина: 1562 m2
Извор: Arhitekti.hr
Винаријата Галиќ се наоѓа во Кутјево, во Валис Ауреа, колевката на хрватското винарство. Уште во 1232 година, според историските извори овде се граделе винарска визби. Иако денес во Валис Ауреа живеат и работат многу познати и наградувани хрватски винари, областа сè уште е неразвиена, па секој позитивен импулс е значаен не само за локалната заедница туку и за пошироката заедница. Изградбата на винаријата ги исполнува основните услови за: развој на нови технологии во производството на вино, зголемување на капацитетот на постојните лозови насади и модернизација на постоечките техники за презентација, се со цел воспоставување нови стандарди поврзани со винскиот туризам и индустријата. Целта е да дејствува пошироко и да биде движечка сила зад ревитализацијата на овој регион.
Зградата на винаријата се наоѓа во центарот на градот, веднаш до главниот градски пат и замокот (поранешна опатија). На местото на сегашната винарија постоела стара училишна зграда која повеќе не била функционална. Иако е главен градски пат, околината е скромна и едноставна. Поради специфичната урбана местоположба, винарската визба однадвор цели да биде перцепирана како градска куќа, додека со влегување во неа да се открие нејзината вистинска функција.
Суштинскиот и јасен архитектонски дизајн произлегува од намерата објектот да не се издвојува во градската структура, но во исто време да остане современ и да сведочи за времето во кое е создаден. Инспирацијата е црпена од традиционалните винарски визби и домородните селски куќи.
Околината ја карактеризираат бетонски постаменти кои главно остануваат недовршени и груби, а ѕидовите се изработени од тула, која со текот на времето добива патина и робустен изглед. Инспирирани од тоа, винаријата/куќата ја делат функционално и естетски на две зони (долна – бетон, горна – тула). Долната зона е направена од масивен природен бетон и својата дизајнерска инспирација ја наоѓаат во аркадите во Пожега кои го отвораат и затвораат просторот за стареење буриња.
Токму во внатрешниот распоред на винаријата се случува пресврт од традиционалниот дизајн. Бурињата за складирање вино традиционално се ставаат под земја во винарски визби. Во овој случај, таков дизајн е невозможен поради природната конфигурација на теренот, но и поради желбата за директен контакт меѓу бурињата и внатрешниот простор со улицата и минувачите. Затоа, бурињата се поставени во сенката на темно стакло и масивни бетонски сводови кои ја отвораат винаријата кон улицата. Со таков распоред, дабовите буриња во внатрешноста на „уличниот излог“ формираат тампон зона помеѓу внатрешниот и надворешниот простор. Над бетонскиот постамент, кој содржи простори за складирање, изложување и дегустација на вино; има производно-магацински простор кој е „облечен во тули“ и е целосно затворен кон улицата, а има контакт само со дворот.
Автор на статија: Filip Koneski
винарија / Два архитекта / Кутјево / хрватска