Стопанска банка Струмица / Лаловиќ – Пренемена
26.05.2023 • Информации Став
На 26 мај споделивме реакција на група граѓани од Струмица дека е во тек промена на фасадата на приземниот дел од Стопанска банка во центарот на Струмица во Казино. Сега кога објектот е завршен можеме да се соочиме со шокот кој оваа интервенција го предизвикува. Непознавањето на вредностите нашите градови и негрижата за истите е таа која води до разочараност до институциите.
Менувањето на првичните функции на објектите е сосема природен чекор во нивното постоење. Денеска бевме известени дека во приземниот дел од објектот на Стопанска банка веќе е пренаменен во казино. Дали казиното е правилната функција во градот Струмица или на таа локација не е дел од овој текст. Главната реакција е за можноста за тотална пренамена и редизајнирање на една главна фасада во центарот на градот без да се земе во предвид контекстот и значењето на објектот. Градот Струмица како и сите градови мораат да бидат одговорни за како ќе изгледа лицето на градот. Според надлежните институции дозвола за градба е побарана од секторот урбанизам. Во правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање не постои регулатива за изглед на објектите. Но сепак мора да се постави прашањето, како се грижиме за изгледот на нашите градови.
Објектот на СОК (служба за општествено книговодство), Стопанска банка и стоковната куќа “Jугопромет” лоцирани во строгиот центар на Струмица преставуваат икони на доцната модерна архитектура и урбанистичкиот развој на градот. Урбанистичкото решение за уредување на градското централно подрачје на Струмица е изработено од архитектот Радомир Лаловиќ кој подоцна врз основа на урбанистичкиот проект ги проектира СОК, стоковната куќа и Стопанска банка. Архитектот Лаловиќ го наведува комплексот помеѓу најдрагите “бидејќи централни подрачја на градовите создадоа своевидни артикулации на градските јадра кои овие градови ги чинат препознатливи”. Комплексот на објекти во Струмица се симбиоза и умешност на урбанистичкото и архитектонското проектирање во развојот на македонските градови и се јасна икона за градот Струмица.
Привичното решение за комплексот предвидувало изведување на четири објекти во комплексот од кои денеска се изведени само три.
Менувањето на првичните функции на објектите е сосема природен чекор во нивното постоење. Денеска бевме известени дека во приземниот дел од објектот на Стопанска банка веќе е во изведба пренамена во казино. Дали казиното е правилната функција во градот Струмица или на таа локација не е дел од овој текст. Главната реакција е за можноста за тотална пренамена и редизајнирање на една главна фасада во центарот на градот без да се земе во предвид контекстот и значењето на објектот. Дали е побарана дозвола за градба за истиот чекор не сме известени. Градот Струмица како и сите градови мораат да бидат одговорни за како ќе изгледа лицето на градот.
Објектот на Стопанска банка е дел од поголем комплекс кои се изградени во симбиоза и умешност. Стоковната куќа „Југопромет“ исто така беше жртва на агресивна промена на функцијата која го нарушува интегритетот на самиот објект. Мораме да се запрашаме што ќе биде со објектот кога функцијата повторно ќе се промени, а оригиналните елементи на објектот се исчезнати? Каков ќе биде тогаш следниот чекор?
Општините мораат да земат директна улога во решавањето на проблемите со пренамена на функциите на објектите и изгледот на градот. Спротивно, нашето изградено културно наследство особено од периодот на модерната ќе исчезне или ќе биде целосно трансформирано.
Повеќе за комплексот можете да прочитате на следниве линкови: СОК, Југопромет
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Лаловиќ / Модерна Архитектура / Општина Струмица / пренамена / Стопанска банка / Струмица