Манастирот Свети Наум / Иконографски извори

Манастирот Свети Наум на Охридското езеро е еден од најважните и најстарите огништа на писменоста во Словенскиот свет, каде се зачувани придобивките на Моравската мисија на св, Кирил и св. Методиј.
Манастирот го одржува својот духовен живот повеќе од 1100 години, период во кој Манастирот поминува низ многу промени.

Во објавата подолу се организирани иконографските фотографски извори од Манастирот од 19 век па се до денес.

Покрај фрескоживописот во Манастирот бакрорезот од Жефарович е најстариот приказ на Св. Наум во иконографските извори. Може да се утврди дека проширувањето на конаците се случува во текот на 19ти век што е и точно потврдено монографијата на Цветан Грозданов. Повеќе можете да прочитате на следниов линк.

 

Ведуша на манастирот Св. Наум. Детаљ од бакрорезот Животот и чудата на св. Наум од Жефарович 1742 година

 

Следниот приказ на архитектурата од манастирот е во 1863 година кога Австро-унгарскиот фотограф Јозеф Секељ во експедицијата од 1863 година на германскиот научник и патеписец Јохан Георг фон Хан (1811-1869) го фотографира Охридското крајбрежје, подвиг што претставува еден од најраните фотографии од нашето поднебје.

Источната страна на манастирот. 1863 од Јозеф Секељ
Западната страна на манастирот. 1863 од Јозеф Секељ

На овие фотографии веќе може да се видат проширувањата на конаците кои се градени според изворите во периодот помеѓу 1806 – 1819 година.  Тука се согледува преминот на средновековната архитектура на манастирот кон традиционалниот чардак кој е присутен во коначката архитектура.
За жал овие конаци ќе настрадаат во големиот пожар кој го зафаќа манастирот во 1875 година,

Манастирот Св. Наум во 1864 насликан од Mary Adelaide Walker во книгата Through Macedonia to the Albanian Lakes
Внатрешниот двор 1880-1885 година
Манастирот во крај на 1918 година при Бугарската окупација на регионот

На крајот на Првата Светска Војна се можеме да се согледа различната состојба на манастирот споредено со фотографиите од 1863 година, Чардакот на северната страна изгледа дека е веќе затворен и заменет најверојатно по пожарот од 1875 година,

Следната фаза на развојот на манастирот претставува градењето на камбанаријата од страна на архитектот Момир Коруновиќ, во 1925 година по повод 1010 годишнината од смртта на зетскиот влалдетел и Самоилов зет и вазал св. Јован Владимир. Тој се користи со елементи од средновековната архитектура и фолклорни елементи.

 

Препоставка е дека за време на градењето на оваа камбанарија голем дел од оргиналниот конак кон езерото бил уништен. Канбанаријата продолжува да постои до 1954-1955 година кога е демонтирана по декрет на сојузната влада, со објаснување дека не се вклопува во околината на манастирот.

Авионска снимка од манастирот и неговата околина во почетокот на 21 век пред интервенциите во последните години.