„Бетонска утопија“, епизоди од серијалот „Радиус“ кои ја истражуваат Југословенската архитектура

 

Новиот серијал „Радиус“ ги следи актерите Ана Стојановска и Дритон Вејсели како ја истражуваат природата, културата и историјата на Македонија и регионот.

Овој месец тимот на ОХО продукција премиерно ги објави 13-тата и 14-тата епизода од првата сезона, кои го носат насловот „Бетонска утопија“ и ја разработуват темата на Југословенската архитектура. Тие посетуваат разни градби и споменици преку кои ја раскажуваат приказната за подемот на модернизмот и брутализмот во нашето подрачје.

Првиот дел е посветен на регионот, на фабриката за автомобили Застава, и споменичките комплекси во Ниш и Лесковац.

 

 

 

 

Извадоци од Епизода 13 – Бетонска утопија (дел I)

 

 

 

Вториот дел се фокусира конкретно на Македонија. Најпрво на Скопје и Централната Пошта, каде заедно со проф. Никос Чаусидис, ја анализираат историјата и симболиката на брутализмот.

Потоа, преку низа интервјуа и историски материјали, ни го претставуваат  политичкиот систем од ова време и како тој создавал вакви грандиозни објекти.  За крај тие имаме прилика да ги погледнеме меморијалните костурници во Струмица, Кавадарци и Велес. 

 

 

 

 

 

 

Извадоци од Епизода 14 – Бетонска утопија (дел II) / Централна Пошта во Скопје, архитект: Јанко Константинов

 

 

 

Двете епизоди се исполнети со извонредни кадри од овие архитектонски споменици, што уште еднаш го потврдува нивниот потенцијал како филмски сетови.

Позади документарниот серијал „Радиус“ стои тимот на ОХО продукција и режисерот Вардан Тозија. Самиот проект е финансиран од Европската Унија.

 

 

 

 

Извадоци од Епизода 14 – Бетонска утопија (дел II) / Спомен Костурница во Кавадарци, архитект: Петар Муличкоски

 

 

 

 

Извадок од Епизода 14 – Бетонска утопија (дел II) / Спомен Костурница во Велес, архитекти: Лубомир Денковиќ и Саво Суготи

 

 

 

 

Извадок од Епизода 14 – Бетонска утопија (дел II) / Спомен Костурница во Струмица, архитект: Благој Колев.