Се отвара центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“

Денес во новите простории на Јавна соба, се отвара центарот за дизајн и иновации со изложба на фото клуб ЕЛЕМА.

Javna soba

Центарот во себе ќе содржи прототип работилници, сали за состаноци, ресторан, дизајн продавница, слава рум и др. активности. Овој простор станува и новото средиште на Skopje design Week.

SkopjeDesignWeek-2015

Интересен факт е дека овој објект е од индустриски карактер, изграден меѓу двете светски војни, а во минатото служел и како коњушница на македонската полиција. Редок пример на реупотреба на објект од ваков карактер  што е за поздрав.

Javna soba Skopje

Марх најавува фотогалерија од истиот и специјална објава.

Не заборавајте денес,  28.10.2015 Среда, во 19.30ч.

 

Автор на статија: