Куќата на поп Трајан Попов–Слепче / 1929 година
30.10.2015 • ХХ век / I половина
Автор и градители: Веле Јана и тајфата
Година: 1929 година
Локација: с. Слепче, Демирхисарско
Материјалот го испратил: Антонио Павловски / обработка МАРХ
Куќата на Поп Трајан Попов е изградена во 1929 год. од тајфата на познатиот смилевски мајстор Веле Јана.
Ѕидана во камен и тула, материјали кои не се кријат на фасадата. Единствено репрезентативната фронтална фасада е обработена пластично и по терк на тековната градска еклектика.
Во куќата има осум пространи соби, четири на првиот кат и четири на приземјето. Двата ката се поврзани со дрвени скали.
Сите соби (одаи) биле насликани со флорални мотиви, но денес во првобитната состојба се зачувани само три.
Посебно внимание привлекува големиот мурал во салонот на горниот кат на кој се претставени овчарче и стадо.
На катот се наоѓа тераса, оградена со ковано железо, а на таванот е насликан ангел со писмо, како симбол на семејството кое било раштркано низ повеќе држави.
Влезната дрвена врата е украсена со прозорец во витраж.
Оваа вила, со својот ентериер и екстериер, претставува вистински репрезент на рурална архитектура инспирирана од градската архитектура во периодот меѓу двете светски војни.
Автор на статија: marh