Централната пошта – Загрозено културно наследство

Емисијата „TV Taxi 28“ на Македонската радио и телевизија, во својата 26та епизода ја обработува Централната пошта, односно Шалтер салата од ПТТ Центарот – дело на архитект Јанко Константинов.

Во епизодата гостуваат и зборуваат Антонио Грујевски, млад македонски архитект кој живее и работи во Загреб, проф. Ана Ивановска од Архитектонскиот факултет при УКИМ и Филип Јовановски, архитект кој е дел од тимот  автори на перформансот „Драга Републико“.

Антонио Грујевски, кој неодамна ја доби наградата на конкурсот „Скопје на новата генерација“, говори општо за личниот впечаток за овој маркантен објект, повикуваjќи на внимание од надлежните и негово конечно ревитализирање и заштита.

 

Антонио Грујевски – Print Screen / Tv Taxi 28 – 26 епизода

 

Ана Ивановска која во своето професионално делување, ја обработува оваа архитектура веќе подолг период, ја истражува и презентира во домашни и светски рамки ја објаснува детално вредноста на овој објект, значењето и контекстот.

 

 

Архитектот Филип Јовановски говори за перформансот, кој како сценографија ја употребува шалтер салата во нејзината тековна руинирана состојба.  Дознајте повеќе во епизода 26 на „Tv TAXI 28“.

 

Филип Јовановски – Print Screen / Tv Taxi 28 – 26 епизода

 

Доколку сакате да погледнете повеќе  од архитектурата на објектот, посетете ја нашата претходна објава на оваа тема >>>

 

Централната Пошта во Скопје / Јанко Константинов, 1973