Иницијатива за враќање на функцијата ГЛАВЕН ГРАДСКИ АРХИТЕКТ
03.12.2024 • Информации
Архитектот Георги А. Кочев достави допис со кој сака да ја извести јавноста за иницијативата за враќање на функцијата Главен градски архитект:
Почитувани !
Ја известувам архитектонската јавност дека на третата по ред средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола беше покрената иницијатива за враќање на функцијата Главен архитект на градот од страна на генерацијата архитекти запишани на архитектонскиот факултет во Скопје во 1984 година.
Нашата стратегија детално ке ја презентираме пред архитектонската јавност на една од наредните средби во организација на Комората на ОАИ.
Во меѓувреме ги продолжуваме започнатите разговори со Архитектонскиот факултет во Скопје, Американската висока школа за архитектура, ААМ и Комората на ОАИ.
Ве покануване на внимание за подршка на нашите напори за заштита на професијата архитект која што е девалвирана до ниво на неодржливост.
Промените во законската регулатива кој што ќе ги предложиме ке овозможат зацврстување на интегритетот на двете професии, архитект и градежен инженер, со директен и неформален мониторинг на научната мисла.
( Високообразовните институции за урбанизам , архитектура и градежништво).
Во име на генерацијата архитекти запишани на архитектонскиот факултет во Скопје во 1984 година.
диа Георги А. Кочев
Автор на статија: Filip Koneski