Најава за Меѓународна трибина за архитектура и градителство во Радовиш / 1- 5 Октомври

Ја известуваме архитектонската и пошироката културна јавност дека во организација на ,,Центарот за заштита на културно наследство „Опус Сектиле (сик) од Радовиш“ од 1- 5 октомври 2025 година во Радовиш, Смиљанци и Ораовица ќе се одржи меѓународна трибина за архитектура и градителство со учество на предавачи, архитекти од пракса, археолози, конзерватори и историчари на уметност од Словенија, Србија, Бугарија и Македонија. Трибината ке ја пратат предавања, изложби, промоции на книги, ликовна колонија, етно балет, музика, поезија и тркалезни маси.

Темата културно наследство како сензитивен проблем на модерното време ке се допре со феноменот на реурбанизација на градовите како последна можност за спас на градовите дерогирани од експанзијата на инвеститорскиот урбанизам.

Сите заинтересирани за овој настан, детални информации можат да добијат на електронските пошти gema3_2000@yahoo.comsamunikadnka@gmail.com и на тел. 076 295 035.

 

Селектор

ЦКН Опус Сектиле Радовиш

 

 

Размислувања и искуства

Прв дел

 

Prof.dr. Kaliopa Diomitrovska Andrews

European Fakulty Law, New Iniversity  Ljubljana

Реурбанизација на градот:  пример Љубљана 2025

Никола Кипровски

архитект

Простот – архитектура – простор

Проф .др. Минас Бакалчев

Проф.др. Митко Хаџипуља

Чувство на безвременост

 

 

Втор дел

Традиција, култура, архитектура

 

 

Проф.др.Мишко Ралев

Архитектурата како моќен медиум за пренесување на културно  историски и општествени вредности                  

Митко Поповски

архитект

Низ призмата на витражот

Вангел Божиноски

архитект

Поезијата е потрага по непознато уточиште

Архитектурата е носталгија по заборавеното уточиште

Димитар Бојаџиев – Канада

архитект

Секојдневни икони – фотографија

Асист. докторант  Борис Ранчев  ГАФ, Ниш

Биоклиматске аспекте народне вернакуларне архитектуре

Гордана Ранчев Николов

архитект

балкан АРХитрав – Србија

Летња школа архитектуре као модел очувања народне архитектуре

 

 

Трет дел

Средновековни градителски системи и реставрација

 

 

Проф.др. Донка Барџиева Трајковска

историчар на уметност византолог

Васил Трајковски

зограф конзерватор

Георги А. Кочев

архитект

М-р Никица Корубин

Археолог, историчар на уметност и поранешна пратеничка

Со каков законски и институционален систем на   заштита, може да се постигне  максимален ефект  во конзервацијата и зачувувањето на архитектонското наследство , почитувајки го контекстот на наставувањето.

 Георги Ѓоргиев – Сводови, куполи и арки

архитект- Бугарија