Објект Крстиќ-Ристиќ „Пеко“ / Иван Артемушкин 1932

Име на сопственици :  Крстиќ Тевда и Bиљбиља, Ристиќ Димитрија и Mаре Kр.
Оригинална адреса:  ул. Kрал Петар
Денешна адреса:  ул. Луј Пастер бр. 3
Програма:  Станбена + комерцијална
Статус: Постои
Досие: 161
Сигнатура: 6.1.329.43/634-670 , 6.1.307.14/95-134
Извор: Артемушкин и Скопје, Државен Архив на Република Северна Македонија – Одделение Скопје

Објектот на фамилијата Кристиќ – Ристиќ се наоѓа на една од најважните оски на градот, плоштад „Македонија“ до старата Железничка станица.  Во урбанизацијата на овој дел од градот во почетокот на 20 век,  Иван Артемушкин ја добива задачата да проектира аголен објект кој е оформен од две парцели на различни фамилии. Тој изведува трикатен објект, кој се одликува со симетрично решение, дел од периметрален блок со акцент на аголот и поделба на сегменти. Неправилните парцели се униформирани преку симетричното фасадно решение, додека решението на планот ги следи условите поставени од локацијата.

 

Планската организација предвидува два стана на секој кат, каде што примарните функции се ориентирани кон главните улици. Но становите ги следат линиите на постојните парцели, каде се гледа умешноста на Артемушкин за просторна организација на домувањето.

Фасада е прочистена со ритмично поставување на прозорските отвори, завршна обработка е цементен малтер со скромна фасадна декорација. Тенки плочи на балконите со специфичната ограда изведена со челични профили во линиска композиција.

Акцентот на аголот, симетричноста и поделбата на сегментите алудираат на академскиот стил, додека геометриските орнаменти сугерираат на раниот модернизам. Посебен елемент се терасите со заоблени ќошеви, а самата форма е играна, варирајќи помеѓу повлечени и испаднати делови. Заоблената естетика на фасадата е пресликана и во решавањето на станбените простории, а особено исклучителен е салонот на аголниот апартман.
Објектот го преживува земјотресот и сè уште постои и денес. Неговото приземје станува референтна точка, бидејќи со децении е локацијата на популарната продавница „Пеко“.

 

 

Сите архивски планови се преземени од Државниот архив на РСМ – Одделение Скопје.

Информации за вториот тираж на публикацијата „Артемушкин и Скопје“

Извор: Артемушкин и Скопје / Чаусидис, Ефремовски 
„Мониторинг на македонското модернистичко наследство“

Фото: Борис Јурмовски