Македонската традиционална архитектура во делата на Ана Темкова

 

Ана Темкова припаѓа на генерација македонски ликовни уметници која се формира во периодот на 70тите и 80тите години од 20тиот век. Во оваа група спаѓаат ументици како Драгутин Аврамовски – Гуте, Петар Мазев,Вангел Наумовски, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Симон Шемов и многу други. Во 1966та,Темкова завршува на Академијата за ликовни уметности во Белград, па од таму своето творечко патешествие го продолжува во Франција, СССР и Равена, Италија каде специјализира мозаик. Покрај многуте групни и самостојни изложби во земјата и надвор, Ана Темкова е и повеќепати наградувана за своето творештво.

 

Ѕидна розета, 1970/71 во Стопанска банка ГТЦ | Мозаик
Извор: Слободен Печат : https://www.slobodenpecat.mk/fotovideo-skrienoto-mozaichno-bogatstvo-na-skopje/ 

 

Сликарството на Ана Темкова произлегува од личната и емотивна перцепција на реалноста, обликувана преку необични, симболични и сонишни претстави. Во нејзините композиции се среќаваме со етерична перспектива, внимателно избрани елементи и предмети кои создаваат силна визуелна сензација со асоцијативно значење.

 

 

Во Ноември 1980та година во изложбениот салон на Центарот за култура и информации во Скопје била отворена една од самостојните изложби на Ана, со насловот „Стара Архитектура – фасади“.(Ана Темкова / Ana Temkova | Архива ЗаУм) Во интервју за весникот Вечер, таа ја изјаснува својата инспирација за сликање македонска архитектура: „Поводот да се зафатам со сликање на старата архитектура излезе од мојата расчувствуваност поради непрестаното исчезнување на онаа неповторлива архитектура што смогнала низ вековите да опстои“. Во сентименталниот однос кон минатото таа гради нов свет на поетска имагинација и фантазија со романтичарски дух во инспирацијата.

 


– Извадок од весникот Вечер – 28.11.1980 –

 

– Делата од самостојната изложба „Стара Архитектура – фасади“ –

 

За своите ликовни решенија наоѓа инспирација во градските мотиви, староградските куќи, цркви и камбанарии, или пак замрачени тремови и прозорци од фасади на средновековни манастири. Во нејзините слики може да се забележат различните архитеконски елемнти и детали, особено прозорецот или оддлени агли во ентериерот. Понекогаш се јавуваат и оддлени архитектонски целини како детали вклопени во целата компзиција на сликата.

 

Поглед низ чардакот, 1983 | масло на платно 
Извор: Каталог ДЛУМ 1984

Кратовска соба, 1975 | Масло на платно 
Извор: Македонска разгледница, Музеј на Современа Уметност 

 

 

 

 

Извор:

ЗаУм – архива на настани поврзани со современата македонска ликовна уметност.  

 

 

 

 

Соработник: Ива Поповска