Испечатен каталогот за Бимас 2025
08.07.2026 • Информации
Асоцијацијата на архитекти на Македонија, објави дека конечно е испечатен каталогот за Биеналето на современата македонска архитектура „XXII БИМАС_2025“.
Неговата промоција се закажува за месец септември, по годишните одмори, со точна дата која ќе биде подоцна дефинирана.
Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2025 беше двонеделна манифестација во организација ААМ и се одржа од 6ти до 20ти Октомври 2025 година во Музеј на современа уметност во Скопје.


