Објавени резултатите од Конкурсот за Младински Културен Центар во Охрид

Коалиција СЕГА, во рамки на Програмата на Младинскиот Културен Центар за 2025–2026, финансирана од Општина Охрид, ги објави најдобрите идејни архитектонски решенија за реконструкција и адаптација на поранешната менза во Касарна „Михајло Апостолски“ во современ, функционален и инклузивен Младински Културен Центар!

Прва награда (220.000 денари)
Автори: Дарко Христов и Тамара Џерков (со соработници: Анастасија Ташковиќ, Симона Радичевска и Горазд Коцев)

Втора награда (120.000 денари)
Автори: Марија Милошевска и Бојана Исијанин

Трета награда (60.000 денари)
Автори: Јована Нецева, Бранкица Митевска и Марија Трајковска

Како што велат од организаторите, на конкурсот се пријавиле голем број на проекти од архитекти и студенти од државата и регионот. Презентацијата на трудовите и доделувањето на наградите треба да се реализира во рамки на Неделата на Млади и Меѓународниот ден на младите во август 2026 година.

Конкурс за идејно решение за адаптација на дел од касарната Касарна „Михајло Апостолски“ – во функционален и репрезентативен младински културен центар во Охрид