Разговор со уметниците Сашо Саздовски и Пандора Апостоловска Саздовска

Кога разговарате со уметници, не е возможно да се задржите на една тема. Во природата на овие разговори е да отскокнуваат од местото каде што сте почнале до најнеобичните теми.Едно нешто е сигурно, секогаш го оставаат човека со побогато срце и причина да размислува.

Сашо Саздовски и Пандора Апостолоска Саздовска се реномирани македонски уметници кои меѓу своите достигнувања ги вбројуваат изложбите во некои од најпрестижните музеи на денешницата. Во јануари нивните дела беа изложени во Скопје, во форма на две изложби во галеријата “Арт Скопје“. Насловот на изложбата на Пандора е “Долг. Гласен. Молк.“, додека “Разлики“ е темата на Сашо.

Pandora1

Вистински бев изненаден од тоа колку овие двајца уметници се знајни за себеси. Не само што успеаа точно да детерминираат што точно ги поттикнува нивните кретивни пориви, туку се способни тоа да го пренесат на друг и притоа да се осети човечноста во нивната работа. На крајот, уметникот е ист човек како и секој друг. Дарот да знае како канализира да визии е она што го дели од останатите.

Суштината на овие два карактери пред мене беше многу различна и таа суштина е предметот кој мене лично ме интригира. Нивните точни сеќавања ми помогнаа многу во обелоденувањето на она што тие го работат сега. Меморијата сепак, е сидрото што не држи стабилни во сегашноста.

Pandora2

За Пандора сидрото се сеќавањата од војната која таа ја има преживеано како дете. Штофот од кој што Пандора црпи инспирација, или да ги наречеме визии, е војната која таа ја има преживеано како дете. Тука е почетокот на нејзината работа која е кованица на уметничката претстава и активистички идеи. Во нејзиното творештво се гледа несогорливата потреба да се прикаже страдање на невино дете. Тоа не е нешто за кое треба публиката да се информира или да се задлабочи во анализирање на тоа што го гледаат. Тоа едноставно се чувствува и тука нема ништо за што повеќе да се зборува. Пораката е пренесена, доколку се воспостави врска помеѓу уметникот и публиката без никакви дополнителни објаснувања и со тоа се комплетира еден циклус на Инспирација-Преточување-Дејствување-Поврзување.

За нејзината изложба зборува проф. Игор Јовановски, политичкиот теоретичар, посочувајќи: “Делото на Пандора Апостоловска Саздовска е длабоко егзистенцијалистичко и хуманистичко по природа. Во него таа ги оплакува пропаднатите сништа на модерниот човек – онаа кутра јаглеродна честичка која себе си се нарекува homo sapiens.

Pandora3

Баналноста на неговото постоење е споредлива само со баналноста на злото и насилството кое овој, навидум рационален Картезијански субјект е способен да го произведе. За жал, опсегот на неговатта деструкција, достигнувајќи геноцидни пропорции, може да се разбере само со негативен, дијалектички контекст. Следејќи ја таа логика делото на Апостоловска Саздовска е песимистичко но, истевремено, длабоко поетично во Адорновска смисла. Доколку „не постои поезија после Аушвиц“, како што овој велик интелектуалец објави по залезот на Втората светска војна- Апостоловска Саздовска прашува каква поезија може да ги сфати и разбере сите оние Аушвици кои се случуваат во Сирија денес, на Блискиот исток вчера или на Балканот пред само десет години?“

Како друг начин на размислување е работата на нејзиниот сопруг Сашо, кој како скулптор е повеќе сконцентриран на формата. Тој успева да се присети на работите кои можеби биле клучни во тоа што тој е сега:

Sasho 1

“Јас имам израснато во поволна положба во однос на мојата професија бидејќи мојата мајка е сликар и таа уште кога сум бил мал има забележано дека при играње со лего коцките сум правел некои чудни форми и дека сум имал осет за тоа како да ги комбинирам тие форми- каде што открива дека афинитетите се читаат во детството: – исто како што јас гледам дека мојата помлада ќерка ќе биде машинист, таа кога беше бебе не ги гледаше обичните играчки, туку ги гледаше штрафовите и како тие се поврзуваат. Уште од најрана возраст може да се осети тој сензибилитет на личноста.“

Како мајстор за скулптура, тој може да даде стручен коментар за работите кои неодамна се појавија на нашиот јавен простор: – Возможно е и од минијатура да се направи нешто што ќе изгледа монументално и не значи дека ако ја направите скулптурата на Александар Македонски висока 50 метри таа ќе изгледа монументално. Напротив, изгледа како ефтина фигура која можете да ја купите за 2 долари, само зголемена. На скулптурата и е потребен простор за да се согледа, а оптималниот сооднос е 3:1, што значи ако скулптурата е 20 метри, вас ви е потребен простор од 60 метри да ја доживее соодветно, а тоа плоштадот неможе да го понуди.

Sasho 2

Пандора се надоврзува со посочување на суштинската врска што ја имале уметниците и архитектите во минатото: -Во минатото пред да се визионира скулптурата во одреден простор се консултирал архитект, кој не само како инжинерски советник, туку како и мајстор на просторот го придружувал уметникот во дизајнот на делата. Овој пример можеме да го комплементираме со сеќавање на работата на уметникот Душан Џамоња кој е одговорен за некои од иконите на скулптуралните достигнувања во периодот на СФРЈ.

Мајкл Кеин има речено дека доколку не станел глумец, би бил архитект. Како моменти кои ги оформиле во она што се денес, Пандора се присеќа на моментот кога требала да одбере во кој правец ќе оди нејзината приказна. Иако потекнува од семејство кое во немало никаква поврзаност со уметноста и збогатување на духот, таа се одлучила да стане уметник, иако можноста да одбере архитектура не била толку невозможна. Нејзиниот сопруг, во алтернативен тек на настаните би бил графичар, но неколку клучни совети од неговата мајка, која е сликар, и влијанијата на професорите во средното уметничко училиште го поставуваат на пат да ја истражува скулптурата.

Sasho 3

Јас со делата на Сашо и Пандора сум запознаен долго време. Сашо ми беше професор по ликовно образование во СУГС Раде Јовчевски – Корчагин, каде сеуште предава. Искрено речено, во моето сеќавање остана како ангажиран професор кој се трудеше да ни дофати што е можно пошироки аспекти на она што се подразбира како уметност. Како ретко кој би, тој ги бодреше сите оние кои покажуваа малку ветување во доменот на уметничкото изразување, несебично пренесувајќи го она што го знае, без да го чува љубоморно како некои што би одлучиле.

Како совет кој би ни го оставиле овие два уметника е тоа дека напорната работата е онаа која ги создава условите за генерирање нови идеи. Тоа е шемата на квалитетната работа, проследена со работите кои остануваат во нас и созреваат постепено, конечно резултирајќи во зрела мисла и јасна визија за тоа што сакаме да го искажеме. Блокади се возможни и природни, но да ја земеме безвремената медитација на оваа тема на Хенри Милер, еден од најлуцидните мислители кој човештвото некогаш го родило: “Кога неможеш да креираш, можеш да работиш!“

emty

Јас со полно срце ги препорачувам двете изложби како ретко доживување во Скопје, кое бидејќи од една страна допира хумана тема проследена со активистичка нота, а спротивно од неа (дури и буквално, поради тоа што и просторно двете изложби се јасно поделени) се разработува темата на едно интимно доживување преку јазикот на просторот и материјалноста. Поради тоа, ова искуство е релевантно за секој оној кој е засегнат со проблемот на ПРОСТОРНИОТ СЕНЗИБИЛИТЕТ или УНИВЕРЗАЛНОТО СОЧУВСТВУВАЊЕ.

empty and silence 2

tri katalog bze

Child-play

untitled-2015

obleki gorna strana katalog

obleki detal 2 katalog

s1

if-there-is-a-god

DSC_0574

lost

instalation saso

 

Материјалот го приложи и обработи: Љубен Трајаноски

Фото: Борис Јурмовски

 

 

Автор на статија: