Градежни конструкции 2 / Софија Киселичка
25.08.2016 • Литература
Автор: Софија Киселичка
Година: 1976
Приложено издание: III, „Просветно дело“ Скопје, 1987
Намена: за средно технички училишта
Рецезенти: Љубомир Томиќ, Ѓорѓи Мариноски, Крум Трајковски
Овој учебник претставува продолжение на „Градежни конструкции 1“ . Бил наменет за предавање во втора година при тогаш ГУЦ „Здравко Цветковски“ и според тогашниот завод за школство.
„Во книгата се застапени голем број примери со цртежи и детали. Сите тие се објаснети и дополнети во текстот. Истовремено со ваквото прикажување на голем број цртежи, се дава можност професорите коишто го предаваат предметот да дадат и свои објаснувања и коментар во излагањето и анализирањето на одделни партии, што ќе придонесе предметот да се прифати со интересирање, односно треба да гарантира успех во неговото изучување“
Во содржината се застапени следните партии:
A- Меѓукатни конструкции;
Б- Дрвени конструкции;
В- Скали.
Сите приложени цртежи се изработени рачно со употреба на рапитографи, кои денес веќе се излезени од употреба. Истите се користеа низ сите 4 години на средношколското образование додека на факултетите единствено во првата година.
За студентите на архитектонските факултети по стариот систем, овој материјал им е познат по предметот „Конструкции“ но во голема мера и по предметот „Елементи на проектирање“, со кој се започнуваше техничкото запознавање на струката.
Ф.К
Автор на статија: marh